Упатство:Ажурирање на Slackware Linux
Ова упатство не е за Slackware-current, туку за ажурирање на безбедносни закрпи на Slackware 11
На software.jaos.org симни slapt-get (конзолна апликација, клон на Debian apt-get) и gslapt (GTK верзија) бинарни пакети за Slackware 11.
Инсталација
installpkg slapt-get-0.9.11h-i386-1.tgz и installpkg gslapt-0.3.17-i386-1.tgz
Потоа во /etc/slapt-get/slapt-getrc
смени SOURCE=ftp://ftp.slackware.com/pub/slackware/slackware-11.0/ во SOURCE=ftp://ftp.slackware.at/slackware-11.0/ (помалку оптеретено огледало)
За освежување на листа со пакети се користи
slapt-get --update
Пробај симулација за да видиш што ќе симнува итн (незадолжително):
slapt-get -s --upgrade
Потоа
telinit 3 multiuser runlevel без X, за секој случај зашто менува X...
За симнување и инсталација на новите пакети напиши
slapt-get --upgrade
Притисни
y за да симне и ажурира пакети кои што ги имаш инсталирани
Симнува 174 МБ пакети (заклучно со 23 април 2007)
Ова упатство не е за Slackware-current, туку за ажурирање на безбедносни закрпи на Slackware 11
Исто ова со сите команди (како root корисник):
wget http://software.jaos.org/slackpacks/11.0/slapt-get-0.9.11h-i386-1.tgz wget http://software.jaos.org/slackpacks/11.0/gslapt-0.3.17-i386-1.tgz wget http://www.spiki.be/slackware/slapt-getrc -O /etc/slapt-get/slapt-getrc installpkg slapt-get-0.9.11h-i386-1.tgz installpkg gslapt-0.3.17-i386-1.tgz slapt-get --update telinit 3 slapt-get --upgrade --no-prompt
Можеш после да ставиш и SOURCE=http://ftp.scarlet.be/pub/linuxpackages/Slackware-11.0/ во/etc/slapt-get/slapt-getrc за да ти бидат достапни пакети од linuxpackages.net огледалото. Потоа направи уште еднаш:
slapt-get --update за да се ажурира листа на пакети од linuxpackages.net
Упатство за slapt-get може да се добие со команда
slapt-get
Симнати пакети се наоѓаат во
/var/slapt-get т.е. /var/slapt-get/patches