Упатство:Ажурирање на Slackware Linux

Од Сподели wiki
Преработка од 17:39, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (26 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед

Проверете ја страницата за slapt-get за повеќе информации за неговата функционалност.

Пред да започнете со користење на slapt-get треба да се има познавање за правилно користење на вградените алатки за менаџирање на пакети во Slackware:

man pkgtool
man installpkg
man upgradepkg
man removepkg

Како што е индицирано во горниот линк, slapt-get не е замена за овие алатки – туку ги користи. Заради тоа, било какви „ограничувања“ во pkgtool пакетот исто така ќе важат и за slapt-get.

Инсталација и конфигурација

Земете го slapt-get пакетот за вашате верзија од Slackware од www.slacky.org или www.linuxpackages.net

После инсталацијата, конфигурирајте го да го користи вашето омилено огледало (edit /etc/slapt-get/slaptgetrc)

   # See /usr/doc/slapt-get-0.9.11c/example.slapt-getrc 
   # for example source entries and configuration hints.
   WORKINGDIR=/var/slapt-get
   EXCLUDE=^kernel-.*,^alsa-.*,^glibc.*,.*-[0-9]dl$,^devs$,^udev$,aaa_elflibs,x86_64
   SOURCE=http://slackware.osuosl.org/slackware-10.2/
   SOURCE=http://software.jaos.org/slackpacks/10.2/

Совети за користење

Во зависност од вашите индивидуални цели од користењето на slapt-get, советите за користење може да варираат. Индивидуа која сака да го надогради Slackware системот од едно во друго издание ќе има повеќе „проблеми“ одколку индивидуа која сака едноставно да го чува системот со сите официјални сигурносни закрпи.

Најдобар совет за било кој корисник без разлика од причината заради која го користи slapt-get е редовна проверка на CHANGELOG-от.

Од man slapt-get:

UPGRADE.TXT and ChangeLog.txt is still required reading, the latter is especially true  when running -current.

Патем, не пробувајте да го пратите развојот на Slackware -current со slapt-get заради причини кои ќе бидат објаснети подолу.

Официјалниот ChangeLog може да се најде на ftp://ftp.slackware.com/pub/slackware/slackware-10.2/ChangeLog.txt
Заменете го "10.2" со верзијата на изданието кое го користите.

Наместо да го користите официјалниот ChangeLog (и bandwidth-от на slackware.com), подобро е да се користи некое од официјалните Slackware огледала (кои се побрзи).

<SlackwareMirror>/slackware-<version>/ChangeLog.txt

Проверете на сајтот на slackware [[1]] за официјално огледало.

Совет за користење #1: Закрпи за стабилност и безбедност

Ако вашате единствена цел е да бидете во тек со официјалните безбедносни и стабилностни закрпи за вашата верзија од Slackware, тогаш предефинираната конфигурација на slapt-get би требало да врши работа.

Единствениот недостаток е надоградбата на јадрото, за среќа, ваквите надоградби не се случуваа премногу често во официјалните изданија, но се случуваат доволно често за да се спомне да се земат во предвид. Предефинираната конфигурација на slapt-get ќе ги игнорира надоградбите на јадрото па единствениот начин да дознаете за нови верзии е со проверување на официјалниот ChangeLog. Како и да е, секогаш кога ќе го надоградите јадрото, треба да се провери дали патеките во /etc/lilo.conf покажуваат на валидно јадро, и потоа да се изврши командата /sbin/lilo за да се ре-инсталира LILO. Ако користите некој друг boot loader, тогаш претпоставувам дека имате доволно знаење за да преземете соодветни акции. :)

Препорачливо е да го чувате старото јадро кога преинсталирате ново. Добро е да се има познато и веќе испробано јадро во случај да новото не се вчитува. Како и да е, ќе забележите дека со предефинираната конфигурација, извршувањето на оваа команда:

slapt-get --install kernel-$VERSION

ќе го надогради јадрото, со други зборови, ќе го избрише старото јадро и ќе го инсталира новото. Ова не е пожелно ако сакате да го сочувате и старото јадро, па затоа извршете ја оваа команда:

slapt-get --install --no-upgrade kernel-$VERSION

Според man slapt-get:

 --no-upgrade
        Install the package rather than  attempting  to  detect  if  a  previous  version  is
        installed  and  upgrading  it.   This is useful for installing kernel packages.  This
        option is only valid for --install targets.

Оваа опција исто така е корисна за инсталирање на повеќе верзии на alsa-* пакетите, ако ги користите 2.4.x. и 2.6.x јадрата, ќе ви е потребен пакетот alsa-driver за двете јадра, па надоградбата на верзија 2.4.x во 2.6.x ќе ја избрише 2.4.x верзијата.

Совет за користење #2: Надоградба од едно во друго издание

Секое издание на Slackware вклучува датотека со името UPGRADE.TXT кое е вклучено со причина, па треба да се прочита. Од кога ќе се запознаете со содржината долната содржина ќе прави повеќе смисла.

Чекор 1: Уредување на /etc/slapt-get/slaptgetrc

Уредете ја датотеката /etc/slapt-get/slaptgetrc за новата верзија на Slackware

Ова:

   SOURCE=http://slackware.osuosl.org/slackware-10.1/
   SOURCE=http://software.jaos.org/slackpacks/10.1/

Се менува во ова:

   SOURCE=http://slackware.osuosl.org/slackware-10.2/
   SOURCE=http://software.jaos.org/slackpacks/10.2/

Чекор 2: Преземање на сите надоградени пакети

Преземети ги сите надоградени пакети во работниот директориум на slapt-get кој е /var/slapt-get 
slapt-get --dist-upgrade --ignore-excludes –download-only

Чекор 3: Ставање на системот во single-user режим на работа

Проверете дали добро го завршивте вториот чекор бидејќи мрежата не е достапана во runlevel 1.

telinit 1

Чекор 4: Надоградба на главните пакети

Верзиите поголеми од 0.9.11 ги надоградуваат glibc-solibs, pkgtools а потоа ги надоградуваат и остатокот од пакетите. Ако сте ја прочитале датотеката UPGRADE.TXT тогаш би требало да знаете зошто ова е потребно.

  • Чекор 4а: Ако користите верзија од slap-get помала од 0.9.11, направете:
slapt-get --install kernel --no-upgrade
slapt-get --install glibc-solibs pkgtools sed
slapt-get --dist-upgrade
  • Чекор 4б: Ако ја користите верзијата 0.9.11 или понова, направете:
slapt-get --install kernel --no-upgrade
slapt-get --dist-upgrade --ignore-excludes

Опцијата –dist-upgrade ќе побара да ги инсталира сите нови пакети во ./a серијата и треба да одговорите потврдно за да се осигурате дека ќе имате функционален систем после надоградбата. Проверете го чекор 8 подолу за повеќе информации за инсталирањето на нови пакети.

Чекор 5: Надоградба на LILO и config датотеките

  • Осигурајте се дека патеките во /etc/lilo.conf покажуваат на валидна слика на јадрото и потоа извршете ја командата /sbin/lilo
  • Поправете ги config датотеките во /etc. Новите датотеки се именувани со *.new суфикс. Би требало да можете да користите diff – u file file.new за да ја видете разликата помеѓу file и file.new Треба да се одлучите дали комплетно да ги замените старите датотеки со новите или да ги споите промените во новите прво, но мора да ги користите новите датотеки.

Чекор 6: Враќање назад во multi-user режим на работа

Понекогаш екранот останува црн кога ќе се вратите во runlevel 3, и можно е да се загрижите дека нешто не сте направиле како што треба. Пред да почнете со паничење напишете clear и би требало да ја добиете root конзолата назад.

telinit 3

Чекор 7: Одтстранување на застарени пакети

Постои опција за да се направи ова автоматски:

slapt-get --remove-obsolete

Според man slapt-get

  --remove-obsolete
        Remove  installed packages that are no longer available.  This works for dist-upgrade
        only.  This removes packages that are no longer available from  any  current  package
        sources,  but  are  currently  installed.  Be careful as this will also remove custom
        built packages.

Како што може да се види, оваа опција ќе работи добро ако немате некои рачно компајлирани пакети инсталирано на системот (како со checkinstall или користејќи ги SlackBuild_Scripts). Прочитајте го официјалниот ChangeLog за да дознаете кои пакети биле одстранети од Slackware за време на развивањето. Можете да ги пробате овие команди за забрзување на процесот:

grep -i removed ChangeLog.txt  или  grep Removed ChangeLog.txt

Чекор 8: Додавање нови пакети

Слично на одстранувањето на застарени пакети, постои опција тоа да се направи автоматски со опцијата –install-set:

slapt-get --upgrade --install-set a ap d f k kde l n t tcl x xap y

Според man slapt-get:

  --install-set [disk set(s)]
         Install specified disk set(s).  example: --install-set xap n l

Оваа опција ќе го надогради (или инсталира, ако претходно не бил инсталиран) секој пакет во серијата. Заради веќе кажани причини (kernel/alsa верзиите), ова може да не е пожелно.

The safest option is to read through the official ChangeLog.txt, make a note of new packages added during the release cycle, and install them now with this command:

slapt-get --install <newpackage1> <newpackage2> <...>

Можете и да направите нешто како ова за да го забрзате малце процесот, но може да врате неколку ирелевантни резултати.

grep -i added ChangeLog.txt

Чекор 9: Восхитувајте им се на резултатите :)

До оваа точка, би требало да ја имате последната верзија на Slackware спремна за работа.

Совет за користење #3: Пратење на развојот на Slackware -current

После модифицирањето на /etc/slapt-get/slaptgetrc датотеката за да ги рефлектира -current изворите, најважниот совет е да го читате CHANGELOG-от

Читањето на ChangeLog.txt датотеката поврзана со -current дрвото после секое извршување на slapt-get –upgrade командата ќе ве запознае со било какви проблеми на кои би наишле.

Уште еден совет кој треба да се земе во предвид е користењето на slapt-get како алатка за „двојна проверка“ за да се осигурате дали случајно сте заборавиле некој пакет. Со користење на следните команди ќе проверете дали сте заборавиле некој пакет кој треба да биде надограден:

slapt-get --update
slapt-get --upgrade --simulate



Додатни информации

Ако сакате да ви бидат достапни пакети од linuxpackages.net огледалото тогаш додатете и SOURCE=http://ftp.scarlet.be/pub/linuxpackages/Slackware-11.0/ во /etc/slapt-get/slapt-getrc. Потоа ажурирајте ја листата уште еднаш со:

slapt-get --update

Пребарување за пакети се прави со:

slapt-get --search firefox

Инсталација:

slapt-get --install kopete

Упатството за slapt-get можете да го добиете со командата:

slapt-get

Симнатите пакети се наоѓаат во

/var/slapt-get

т.е.

/var/slapt-get/patches

Gslapt (GTK апликација)

Кога сте во графичка работна околина (KDE, GNOME), за поудобно користење употребувајте го GUI интерфејсот, апликацијата gslapt, која после инсталирање се наоѓа во К(де) Мени, Систем. Инсталирајте ја со командата:

slapt-get --install gslapt