Упатство:Вовед во git
Текстот е во главно превод на официјалниот водич кој се наоѓа на [1]
Упатството ќе ви објасни како да увезите нов проект во git, да направите промени, и да ги споделите со други.
Доколку сакате да го користите git само за да ја добиете најновата верзија од некој проект, може повеќе да бидете заинтересирани во првите двe поглавја од упатството за корисници на git [2].
Ако сакате да добиете подетална документација за некоја опција на git, напишете
man git-opcija
пример, за „git pull“ напишете
man git-pull
Увезување на нов проект
Доколку имате архива со некој проект, на пример project.tar.gz можете да го контролирате со git на следниот начин
tar xzf project.tar.bz cd project git init
git ќе ви одговори со
Initialized empty Git repository in .git/
Тоа е тоа, нели беше лесно? Сега кажете му на git да зачува снимка од содржината на сите датотеки во тековниот директориум со опцијата add
git add .
Сега снимката е зачувана во во привремена област на премин која git ја нарекува „index“. Промените перменантно можете да ги зачувате со
git commit
Ова ќе ве праша за commit порака (во вашиот едитор), која треба да е кратка и јасна. Ја зачувавте вашата прва ревизија во git
Правење промени
Променете некои датотеки, потоа додајте ги нивните променети содржини во индексот
git add datoteka1 datoteka2 datoteka3
Сега сте спремни за commit. Можете да видите кои промени сте ги направиле во diff-стил со git diff
git diff --cached
(без --cached, git ќе ви ги покажи промените кои се направени, но не се додадени во индексот). Можите да добиете и кратко резиме со git status. На крај, перманентно зачувајте ги промените со
git commit
Наместо рачно да пишите git add претходно, двете операции можете да ги направите во еден чекор со
git commit -a
меѓутоа, ова нема да ги препознае новите датотеки.
Белешка за commit пораките: Добро е пораките да ги започнете со една кратка линија (помалце од 50 карактери) која ќе ги резимира пораките проследена со една празна линија и подетален опис на промените. На пример, алатките кои ги претвараат commit операциите во е-пошта ја користат првата линија како наслов а останатиот дел како тело на пораката.