Хаклаб/КуќенРед
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Почитување на Куќниот Ред е неопходен услов за успешно функционирање на Хаклаб-от.
(Ова е предлог Куќен Ред кој е во изработка, додадете предлози, но не ги дискутирајте тука, би требало да ги собереме сите предлози а потоа да ги изгласаме или сл, за да станат официјални)
КУЌЕН РЕД
- КИКА е отворен простор.
- Нема пушење во хаклабот.
- По секој настан сите остануваат 20 минути да средат; ако си одиш порано собери го целото ACTUAL ѓубре и фрли го! Оддржувај го просторот чист!
- Дежурниот член е задолжен за отворање и затворање на просторот согласно упатството. Распоредот за дежурство ќе биде објавуван на листата spodeli-prostor.
- Просторот се чисти секоја втора сабота, еден час пред Сподели знаење.
- Додека се одржува некој настан ако сакаш да правиш нешто надвор од темата користи ја помошната просторија за да не им сметаш на останатите.
- Прочитај го Хаклаб/Мрежа упатството за фер користење на мрежата во хаклабот и секогаш користи HTTPS.
да се додискутира
- КИКА е отворен простор. Кој може плаќа членарина се собира на секои три месеци, значи функционираме на принцип на претплата секој член си плаќа членарина за 3 месеци однапред.
- Членство во хаклабот е 20 еур месечно
- Придружно членство во хаклабот е 10 еур месечно
- Членството во хаклабот им овозможува на членовите 24/7 часа пристап до хаклабот, право на глас при одлучување, право да се кандидира за одговорно лице, и клуч за да има пристап до хаклабот.
- Придружното членство им овозможува на придружните членови 24/7 часа пристап до хаклабот, без право на глас при одлучување, и без право да се кандидира за одговорно лице, и клуч за пристап до хаклабот.
Ресурси
(овие ќе ги тргнеме откога ќе има некоја содржина на странава, сега нека стојат како потсетник)
- http://wiki.hive13.org/index.php?title=Bylaws
- http://en.wikipedia.org/wiki/Hackerspace
- http://blog.hackerspaces.org/2009/10/20/hackerspaces-money-the-board/
- http://www.hive13.org/?page_id=12
- http://wiki.hive13.org/index.php?title=Form_1023_Draft
- http://lists.hackerspaces.org/mailman/listinfo/discuss
- http://hacklab.to/bylaws/