Едно лето/HTML5IrcLog
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
HTML5 Irc Log
Опис
Ова е комплементарен проект на Едно_лето/ЕрлангБот. Ирц ботот запишува се што ќе види на каналите на кој е приклучен во CouchDB база. CouchDB е едноставна nosql база која чува JSON документи и на која директно од javascript може да и се пристапи со http протокол.
Релативно примитивен HTML + JS интерфејс е веќе поставен на http://damjan.softver.org.mk/irclog/. Интерфејсот е направен исклучиво со статички HTML и јavascript, без никаков backend, а сепак во овозможува следење на логот во реално време.
Задача на студентот ќе биде да се поправат грешките и барања за функционалност на web апликацијата.
- да се поправат грешките при прелистување на архивата
- календар за прелистување на архивата, претходен/следен ден и сл.
- full-text search
- tag cloud
- компактни линии, псевдо код: if same_sender AND timestamp_diff < 10 secs AND number of words < 2: нема нова линија
- algorithmic persistent nick colorizer
- хистограм на активност на каналот
- било какви подобрувања на изгледот и функционалноста на страната
Ментори
- Горан Пеоски https://twitter.com/azder
- Дамјан Георгиевски <gdamjan@gmail.com>
Потребни предзнаења
HTML и JavaScript, пожелно и jquery и неговите plugin-и.
Технологии со кој ќе се запознаат програмерите
HTML5, jQuery, NoSQL, Comet, CouchDB и CouchApps