НасокиЗаРазвојИУпотребаНаСлободенСофтвер

Од Сподели wiki
Преработка од 08:07, 26 септември 2012; направена од Новица (разговор | придонеси) (Создадена страница со: НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ И УПОТРЕБА НА СЛОБОДЕН СОФТВЕР И ОТВОРЕНИ СТАНДАРДИ ВО ТЕЛАТА И ОР...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ И УПОТРЕБА НА СЛОБОДЕН СОФТВЕР И ОТВОРЕНИ СТАНДАРДИ ВО ТЕЛАТА И ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА (ПОЛИТИКА ЗА СЛОБОДЕН СОФТВЕР И ОТВОРЕНИ СТАНДАРДИ)


Владата на Република Македонија во своите постојани активности во областа на информациските и комуникациските технологии ќе дава пример и ќе придонесува во промовирањео на информаци и знаење за карактеристиките и можностите за употребата на слободен софтвер и решенија базирани на него.

Владата на Република Македонија подеднакво ќе ги третира слободниот и неслободниот софтвер. Во развојот и набавката на информациски решенија, изборот на решението ќе биде базиран на финансиска и функционална ефикасност на индивидуалното решение, без разлика на неговиот деловен модел или модел на лиценцирање.

Владата на Република Македонија во иднина во најголема можна мерка ќе планира, гради и набавува информациски решенија базирани на отворени стандарди и протоколи.

Владата на Република Македонија ќе избегнува употреба на информациски системи кои не овозможуваат поврзување и размена на податоци со други информациски решенија и системи. Кога се воспоставени и во употреба постоечки затворени информациски системи, Владата ќе го поддржува нивното отварање при дополнувања и надградби.

Владата на Република Македонија во сите случаи кога е економски исплатливо ќе се стреми да ги добие сите права за поседување, менување и редистрибуирање на изворниот код на информациските системи кои ги набавува (информациски системи кои се направени по нарачка). Прифатените информациски решенија финансирани од буџетот кои се наменети за јавна употреба Владата на Република Македонија ќе ги објавува под истите услови под кои ги добила, освен ако не постојат валидни безбедносни или други основи за да се постапи поинаку.

Владата на Република Македонија ќе поддржува тренинг и образование на вработените и нивно запознавање со слободен софтвер. Таа исто така, помеѓу корисниците активно ќе ја промовира размената на знаење и добрата практика во ова поле.

Владата на Република Македонија, кога тоа ќе биде технолошки погодно и економски исплатливо, ќе настојува за што е можно поголема употреба на софтверски решенија базирани на слободен софтвер, како за нејзините потреби така и за решенијата финансирани од буџетот (како што е образованието, истражувачките активности, примателите на државно финансирање).

Владата на Република Македонија ќе го промовира развојот на слободен софтвер и решенија базирани на слободен софтвер. Исто така таа самата ќе развива информациски решенија базирани на слободен софтвер. Иницијативите примарно ќе бидат насочени за нови квалитетни и корисни производи и постоечки локализирани решенија.

Владата на Република Македонија во образованието ќе воведе наставни програми од областа на слободниот софтвер. Ова е особено важно бидејќи младите генерации мора јасно да ги научат предностите и маните на неслободниот и слободниот софтвер за да можат за овие да носат свои информирани, независни, професионални и одговорни одлуки.

Владата на Република Македонија активно ќе ја промовира употребата на слободниот софтвер во јавниот сектор, приватниот сектор и цивилното општество. Владата, преку политиката на јавни набавки и директно преку (ко)финансирање активно ќе го охрабрува развојот на оригинален софтвер на македонски јазик и локализација (превод на македонски и другите службени јазици според постоечката регулатива) при воведувањето на странски софтверски решенија кои се слободен софтвер. Содржините кои во електронска форма ги објавува Владата на Република Македонија треба да бидат прилагодени на постојната законска регулатива (Закон за авторските и сродните права) според која за авторски дело не се смета службен текст на различните нивоа на власта. Овие содржини треба да бидат објавени во формати кои се базирани на отворени и независни стандарди.

Текстот е создаден во 2007 година.