ЧППЗаЗатемнувањето
1. Кој го организираше затемнувањето на страниците на интернет во Р. Македонија?
Затемнувањето го организираше „Слободен софтвер Македонија“.
2. Како се направи затемнувањето?
Затемнувањето се направи со помош на неколку скрипти, а по примерот на сличната акција што ја организираа американски страници на интернет против нивниот закон SOPA. Алатките со чија помош се затемнуваат страниците се достапни на ова место, а статистика за затемнетите страници има овде.
3. Зошто?
Затемнувњето го организиравме против Членот 11 од Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
4. Што е проблематично со Членот 11 од Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета?
Во Членот 11 од Предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се предвидува одговорност за интернет провајдерите и веб порталите за содржини кои од трети лица се објавени преку / на нив и отстранување на содржините без судска постапка. Цитираме:
Сметаме дека ова не е во согласност со уставот на Р. Македонија.
5. Зошто сметате дека тоа не е во согласност со Уставот на Р. Македонија?
Затоа што во членот 16 од Уставот на Р. Македонија се гарантира слободата на проток на информации, примање и давање на информации. Цитираме:
Вака напишаниот член во Предлог-законот се заканува да го сопре протокот на информации, и де-факто да создаде цензура. Според Член 16 од Уставот на Р. Македонија цензурата, исто така, е забранета.
6. Кои би можеле да бидат последиците доколку Предлог-законот се изгласа во оваа форма?
Ако Предлог-законот се изгласа во оваа форма последиците можат да бидат намалување на слободата на изразување на интернет и како последица намалување на економските користи кои ги носи објавувањето на интернет. Казните за провајдерите и порталите можат да доведат до ограничувања на објавувањата на интернет, бидејќи постојан надзор за тоа што се објавува и дали тоа е можеби навредливо е неефикасно и неисплатливо.
7. Дали презедовте нешто друго освен акцијата за затемнување?
Да. Слободен софтвер Македонија ги контаткираше сите пратеници во Собранието на Р. Македонија и надлежните комисии пред кои се расправа за Предлог-законот.
8. Дали добивте некаков одговор од надлежните институции?
До овој момент не сме добиле одговор. Сепак, претставници на позицијата и опозицијата објавија преку медиумите дека Члено 11 ќе се менува. Цитираме:
Извор:
Извор:
9. Дали другите делови од Предлог-законот се во ред?
Слободен софтвер Македонија нема изградено став за други делови од Предлог-законот. Но, други организации ја искажуваат својата загриженост за различни прашања што произлегуваат од овој закон. За повеќе видете овде.
10. Зошто на друштвените мрежи се користи етикетата „#член16“?
Затоа што Членот 16 од Уставот на Република Македонија ги гарантира слободата на изразувањето и преност на информации, и ја забранува цензурата. Тоа се вредности што сакаме да ги потврдиме и промовираме.