Идејник/Истражувања/ЕкономскиПоследици

Од Сподели wiki
Преработка од 11:38, 9 ноември 2013; направена од Новица (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Веќе некое време мислам да направам еден текст по примерот на „Економските последици на г-дин. Браун“ (видео овде, книга објавена во 2009).

Најпросто кажано, примерот е мерење на работата на владата по нејзините мерки. Во случајот со UK, како што може да видите од текстот, целите што се оценувани во UK за да се видат последиците се тие што им биле важни ним, имено: child poverty; healthcare; crime; education and then overall inequality.

Слично во програмата од 2006 на ВМРО-ДПМНЕ има некои цели кои тие сами си ги наведуваат како важни / главни:

1. Сакаме двојно повисок доход по жител за 10-12 години. Ние не сакамеда чекаме 70 години. Секој од нас има еден живот и сакаме да го живееме сега, достојно и богато.

2. Ќе оствариме стапка на раст на БДП од 6 до 8% годишно базиран врз примена на современи технологии во економијата, зголемена продуктивност и конкурентност, унапредување на земјоделството, како и инвестиции во образованието и информатичката технологија.

3. Пораст на вработеноста. Вработувањето е најважна работа за секој човек. Само вработени луѓе имаат надеж за подобар живот и насмевка на лицата, со радост размислуваат за брак, потомство, купување стан или автомобил. Ние бараме од Вас успехот на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ да го мерите единствено преку реализацијата на оваа цел.

Може да се најдат и други цели во програмата. Мислам дека изборот треба да биде на овие бидејќи се лесно мерливи, се изразуваат во бројки. (Ќе воведеме ред во државата на пример не се мери лесно и може да биде оспорувана од разни места). Уште повеќе, овие три може да се оценат преку податоци што ги дава Државниот завод за статистика кој што во крајна линија е под контрола на Владата - што ќе рече - нивни се бројките.

Значи, економските последици на г-дин Груевски. Преку државни податоции да видиме што има.

Оригинално објавено на tumblr.