Важни настани за слободниот софтвер во Република Македонија

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Овој документ содржи датуми на поважните настани кои се повразни со Слободен софтвер Македонија, заедницата на корисници на слободен софтвер во Република Македонија и слични/поврзани активности.

07 јули 2002 година

Првиот состанок во Градскиот парк. Присуствуваа повеќе луѓе, меѓу кои Иван Стојмиров, Арангел Ангов, Новица Наков, Златко Трајчески, Благоја Ѓаковски, Дарко Стојчев, Дамјан Георгиевски и Георги Станојевски.

09 јули 2002 година

Два дена подоцна, на тогашниот сервер на http://www.linux.net.mk почна да работи првата поштенска листа. Листата го носеше името [LUG] и беше достапна на http://lists.linux.net.mk/mailman/listinfo/lug.