Зошто слободниот софтвер е подобар: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (8 ревизии: initial)
 
(Не се прикажани 4 меѓувремени преработки од 3 корисници)
Ред 4: Ред 4:
Microsoft е американска компанија и нејзиниот успех е важен за американската економија.

Ако не живеете во САД, кога купувате неслободен софтвер (пр Windows Vista), пола и повеќе од парите одат директно во софтверската компанија (пр. Microsoft): овие пари излегуваат од нашата земја, додека пак другата половина останува за трошоци како што е процентот од продажбата, нема никакви технички бенефиции. Нашата земја не произведува ништо, за да се продаде кутија со софтвер нe ни се ни потребни квалификувани луѓе. Сево ова води до IT професионалци со ниско познавање кои што се занимаваат само со инсталација и конфигурирање на неслободен софтвер без можноста да го изменат за своите потреби или пак да научат подобро како работи истиот.
Ако не живеете во САД, кога купувате неслободен софтвер (пр Windows Vista), половина и повеќе од парите одат директно во софтверската компанија (пр. Microsoft). Овие пари излегуваат од нашата земја, додека другата половина останува за трошоци како што е процентот од продажбата, при што нема никакви технички бенефиции. Нашата земја не произведува ништо. За да се продаде кутија со софтвер нe ни се ни потребни квалификувани луѓе. Сево ова води до ИТ-професионалци со ниско познавање што се занимаваат само со инсталација и конфигурирање на неслободен софтвер без можноста да го изменат за своите потреби или пак да научат подобро како работи истиот.

Со слободниот софтвер (пр. GNU/Linux), економијата (и знаењето на IT професионалците) во нашата земја може само да се подобри, преку отворање на мали и средни компании кои што ќе нудат разни решенија и ќе продаваат поддршка и консалтинг за истите.
Со слободниот софтвер (пр. GNU/Linux), економијата (и знаењето на ИТ-професионалците) во нашата земја може само да се подобри, преку отворање на мали и средни компании што ќе нудат разни решенија и ќе продаваат поддршка и консалтинг за истите.

Луѓето кои што знаат како се прават работите и ги задржуваат парите во нашата земја ќе имаат само поголеми придобивки од сето тоа. Од друга страна пак, луѓето што само продаваат кутија со софтвер и ги испраќаат нашите пари преку морето ги оставаат IT професионалците без вистинско знаење за тоа како функционираат работите.
Луѓето што знаат како се прават работите и ги задржуваат парите во нашата земја ќе имаат само поголеми придобивки од сето тоа. Од друга страна пак, луѓето што само продаваат кутија со софтвер и ги испраќаат нашите пари преку морето ги оставаат ИТ-професионалците без вистинско знаење за тоа како функционираат работите.

=='''Пријавување на грешки и нивно поправање''' ==
== '''Пријавување на грешки и нивно поправање''' ==

Ако најдете грешка во Windows се што можете да направите е да чекате и да се молите дека Microsoft ќе ја поправи (доколку пак ви ја загрозува безбедноста на системот/системите, ви останува само да се молите дупло валјда). Можеби ќе ви текне да ја пријавите грешката на Microsoft за да ја поправат они, мора барем тоа да функционира. Епа ни тоа не функционира. Еве една интересна статија поврзана со ова. Што ако Microsoft воопшто не ја примети грешката? Ви останува да се надевате дека ќе биде поправена во наредната верзија на Windows (за која што ќе треба да платите уште една лиценца од неколку стотици долари).
Ако најдете грешка во Windows сѐ што можете да направите е да чекате и да се молите дека Microsoft ќе ја поправи (доколку пак ви ја загрозува безбедноста на системот/системите, веројатно само ви останува да се молите двојно). Можеби ќе ви текне да ја пријавите грешката на Microsoft за да ја поправат тие, мора барем тоа да функционира. Епа ни тоа не функционира. Еве една интересна статија поврзана со ова. Што ако Microsoft воопшто не ја забележи грешката? Ви останува да се надевате дека ќе биде поправена во наредната верзија на Windows (за која ќе треба да платите уште една лиценца од неколку стотици долари).

Скоро сите проекти кои што се слободен софтвер (вклучувајќи ги и дистрибуциите на GNU/Linux) имаат свој систем за пријавување и решавање на грешки (бубачки) во софтверот. Откако ќе ја пријавите грешката и ќе објасните што се се случува, можете да видите што ќе се случи следно, целата работа е отворена и секој може да види што се случува. Најчесто програмерот ќе одговори на пријавата и можно е да побара додатни информации кои што би му помогнале да ја поправи грешката. Следното е поправање на грешката и известување за истото. Ако проблемот е решен на вашиот систем ќе биде решен и за сите други. Во интерес на сите е да се работи заедно кон создавање на подобар софтвер. Вака функционира слободниот софтвер и софтверот со отворен код.
Скоро сите проекти кои што се слободен софтвер (вклучувајќи ги и дистрибуциите на GNU/Linux) имаат свој систем за пријавување и решавање грешки (бубачки) во софтверот. Откако ќе ја пријавите грешката и ќе објасните што сѐ се случува, може да видите што ќе се случи следно, целата работа е отворена и секој може да види што се случува. Најчесто програмерот ќе одговори на пријавата и можно е да побара додатни информации што би му помогнале да ја поправи грешката. Следното е поправање на грешката и известување за истото. Ако проблемот е решен на Вашиот систем ќе биде решен и за сите други. Во интерес на сите е да се работи заедно кон создавање на подобар софтвер. Вака функционира слободниот софтвер и софтверот со отворен код.

Врски до системите за пријавување на грешки во неколку сс/сок проекти:
Врски до системите за пријавување на грешки во неколку проекти со слободен софтвер:

http://bugzilla.gnome.org - За GNOME
* http://bugzilla.gnome.org - За GNOME

http://bugs.kde.org - За KDE
* http://bugs.kde.org - За KDE

https://bugs.launchpad.net - За Ubuntu
* https://bugs.launchpad.net - За Ubuntu

http://bugzilla.redhat.com - Fedora/RHEL
* http://bugzilla.redhat.com - Fedora/RHEL

https://bugzilla.novell.com - OpenSuSE/SLED
* https://bugzilla.novell.com - OpenSuSE/SLED

(знам дека ги нема сите, можете да ме дополните во коментар)
На сите овие сајтови има и упатства за пријавување на грешки во проектот. Препорачливо е да ги прочитате пред да пријавите каква било грешка.

На сите овие сајтови има и упатства за пријавување на грешки во проектот, препорачливо е да ги прочитате пред да пријавите било каква грешка.
И за крај, ако користите каков било слободен софтвер и има нешто што ве иритира, не функционира како што треба или пак едноставно имате идеја како би можело да се подобри нешто, пребарајте ја архивата на бубачки, видете дали некој пред вас има пријавено нешто и ако нема тогаш пријавете вие, со тоа не си помагате само на себе туку и на сите други луѓе кои некогаш ќе го користат тој софтвер.

И за крај, ако користите било каков слободен софтвер и има нешто кое што ве иритира, не функционира како што треба или пак едноставно имате идеја како би можело да се подобри нешто, пребарајте ја архивата на бубачки, видете дали некој пред вас има пријавено нешто и ако нема тогаш пријавете вие, со тоа не си помагате само на себе туку и на сите други луѓе кои што некогаш ќе го користат тој софтвер.
[[Категорија:Слободен софтвер]]

Последна преработка од 18:34, 29 јануари 2011

Помогнете и на вашата и на други земји

Microsoft е американска компанија и нејзиниот успех е важен за американската економија.

Ако не живеете во САД, кога купувате неслободен софтвер (пр Windows Vista), половина и повеќе од парите одат директно во софтверската компанија (пр. Microsoft). Овие пари излегуваат од нашата земја, додека другата половина останува за трошоци како што е процентот од продажбата, при што нема никакви технички бенефиции. Нашата земја не произведува ништо. За да се продаде кутија со софтвер нe ни се ни потребни квалификувани луѓе. Сево ова води до ИТ-професионалци со ниско познавање што се занимаваат само со инсталација и конфигурирање на неслободен софтвер без можноста да го изменат за своите потреби или пак да научат подобро како работи истиот.

Со слободниот софтвер (пр. GNU/Linux), економијата (и знаењето на ИТ-професионалците) во нашата земја може само да се подобри, преку отворање на мали и средни компании што ќе нудат разни решенија и ќе продаваат поддршка и консалтинг за истите.

Луѓето што знаат како се прават работите и ги задржуваат парите во нашата земја ќе имаат само поголеми придобивки од сето тоа. Од друга страна пак, луѓето што само продаваат кутија со софтвер и ги испраќаат нашите пари преку морето ги оставаат ИТ-професионалците без вистинско знаење за тоа како функционираат работите.

Пријавување на грешки и нивно поправање