Упатство:Користење активни обележувачи во Фајрфокс

Од Сподели wiki
Преработка од 19:46, 30 април 2007; направена од 89.205.20.206 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Некои интернет страници објавуваат многу нови статии и овозможуваат лесен начин да се биде во тек со нив преку RSS или Atom фидови. Иако секогаш можете да ги посетувате обележаните страници за да проверите дали има нови статии, некогаш е полесно новите статии да ви бидат пратено во т.н. веб фид. На овој начин можете да ги добиете последните информации од интерес, дали се тоа најновите вести од Макфакс, последните статии од Кајмакот или од вашиот омилен блог.

Интернет прелистувачот Фајрфокс има една интересна функција наречена активни обележувачи (анг. Live bookmarks). Ако посетите веб сајт кој има овозможено RSS или Atom фид, во алатникот за навигација ќе се појави оваа икона Live bookmarks.png.