Разлика помеѓу преработките на „GNOME“

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 7: Ред 7:
 
Гном е проект базиран на [[слободен софтвер]] наменет за развој на комплетна, едноставна за употреба работна околина. Покрај вклучените централни компоненти за работната околина како што се системските менија, датотечниот менаџер, интернет прелистувачот и останатите алатки, Гном е и комплетна развојна платформа која што им овозможува на програмерите да креираат нови апликации.
 
Гном е проект базиран на [[слободен софтвер]] наменет за развој на комплетна, едноставна за употреба работна околина. Покрај вклучените централни компоненти за работната околина како што се системските менија, датотечниот менаџер, интернет прелистувачот и останатите алатки, Гном е и комплетна развојна платформа која што им овозможува на програмерите да креираат нови апликации.
  
Повеќе од 500 програмери на [[софтвер]] од секој континент, вклучувајќи и повеќе од 100 платени програмери со дел од своето време придонесуваат за овој проект. Проектот е спонзориран од индустриските лидери: Флуендо, ХП, ИБМ, Новел, Ред хат и Сан. Гном е поддржан на повеќе платформи вклучувајќи го и [[ГНУ/Линукс]] (подобро познат како [[Линукс]]), оперативниот систем Соларис, „HP-UX“, Јуникс, БСД, и Дарвин на Ејпл.
+
Повеќе од 500 програмери на [[софтвер]] од секој континент, вклучувајќи и повеќе од 100 платени програмери со дел од своето време придонесуваат за овој проект. Проектот е спонзориран од индустриските лидери: Флуендо, ХП, ИБМ, Новел, Ред хат и Сан. Гном е поддржан на повеќе платформи вклучувајќи го и [[ГНУ/Линукс]], оперативниот систем Соларис, „HP-UX“, Јуникс, БСД, и Дарвин на Ејпл.
 
 
Работната околина Гном ја користат милиони луѓе низ целиот свет. Гном е стандарден дел од сите водечки [[Линукс]] и Јуникс дистрибуции во светот, вклучувајќи ги и најпопуларните, како што се Дебиан, Федора Кор и СУСЕ и е стандардна работна околина на повеќе водечки бизнис [[Линукс]] дистрибуции како што се „Ред хат ентерпрајз линукс“ и Сан јава десктоп систем. Гном исто така е и работната околина која што се користи во некои од најголемите [[Линукс]] средини во светот вклучувајќи ги и Екстрамадура во [[Шпанија]] и Сао Паоло во [[Бразил]]. Технологијата на Гном, за развој на своите производи ја користат и водечките независни производители на софтвер за [[Линукс]]. Можеме да ги спомнеме [[Firefox]], проектот Eклипс, Риал нетворкс и Вмвер.
 
  
 +
Работната околина Гном ја користат милиони луѓе низ целиот свет. Гном е стандарден дел од сите водечки [[ГНУ/Линукс]] и Јуникс дистрибуции во светот, вклучувајќи ги и најпопуларните, како што се Дебиан, Федора Кор и СУСЕ и е стандардна работна околина на повеќе водечки бизнис [[ГНУ/Линукс]] дистрибуции како што се „Ред хат ентерпрајз линукс“ и Сан јава десктоп систем. Гном исто така е и работната околина која што се користи во некои од најголемите [[ГНУ/Линукс]] средини во светот вклучувајќи ги и Екстрамадура во Шпанија и Сао Паоло во Бразил.
 +
Технологијата на Гном, за развој на своите производи ја користат и водечките независни производители на софтвер за [[ГНУ/Линукс]]. Можеме да ги спомнеме [[Firefox]], проектот [[Eclipse]], Real networks и [[VM Ware]].
  
 
=Теми и икони за GNOME=
 
=Теми и икони за GNOME=

Преработка од 11:13, 9 мај 2006

Вовед

Гном (GNOME или GNU Object Model Enviornment) е слободна мулти-платформска работна околина која што како стандардна графичка околина доаѓа со повеќето диструбиции на ГНУ/Линукс.

Гном 2.12 на македонски јазик - ([1] кликнете за поголема слика)

Гном е проект базиран на слободен софтвер наменет за развој на комплетна, едноставна за употреба работна околина. Покрај вклучените централни компоненти за работната околина како што се системските менија, датотечниот менаџер, интернет прелистувачот и останатите алатки, Гном е и комплетна развојна платформа која што им овозможува на програмерите да креираат нови апликации.

Повеќе од 500 програмери на софтвер од секој континент, вклучувајќи и повеќе од 100 платени програмери со дел од своето време придонесуваат за овој проект. Проектот е спонзориран од индустриските лидери: Флуендо, ХП, ИБМ, Новел, Ред хат и Сан. Гном е поддржан на повеќе платформи вклучувајќи го и ГНУ/Линукс, оперативниот систем Соларис, „HP-UX“, Јуникс, БСД, и Дарвин на Ејпл.

Работната околина Гном ја користат милиони луѓе низ целиот свет. Гном е стандарден дел од сите водечки ГНУ/Линукс и Јуникс дистрибуции во светот, вклучувајќи ги и најпопуларните, како што се Дебиан, Федора Кор и СУСЕ и е стандардна работна околина на повеќе водечки бизнис ГНУ/Линукс дистрибуции како што се „Ред хат ентерпрајз линукс“ и Сан јава десктоп систем. Гном исто така е и работната околина која што се користи во некои од најголемите ГНУ/Линукс средини во светот вклучувајќи ги и Екстрамадура во Шпанија и Сао Паоло во Бразил. Технологијата на Гном, за развој на своите производи ја користат и водечките независни производители на софтвер за ГНУ/Линукс. Можеме да ги спомнеме Firefox, проектот Eclipse, Real networks и VM Ware.

Теми и икони за GNOME

Изгледот на GNOME работната околина можете да го приспособите по сопствен вкус со инсталирање на теми, икони и позадини за работната околина. Голем избор на теми за GNOME работната околина можат да се најдат на Gnome-look или пак на art.gnome.org.

Теми за GTK

Овие теми се теми за GTK апликациите кои ги користите. Доколку ја промените тековната GTK тема ќе се промени бојата и изгледот на копчињата на GTK апликациите (пр. Наутилус, file-roller, firefox, gnome-terminal, gnome-baker). По симнувањето на теми од линковите кои се наведени горе, темите се инсталираат со отпакување на tar.gz пакетот во .themes папката во домашниот директориум:

  cd ~/.themes/
  tar -xvvzf _theme_.tar.gz

каде _theme_.tar.gz е темата која е симната. Друг (полесен) начин да се инсталира тема е следниов: Кликнете System->Preferences(или GNOME Control Centre кај некои дистрибуции)->Themes. Потоа кликнете Install Theme и селектирајте ја темата. Инсталираните теми можете да ги одбирате со истата алатка.

Рамки за прозорци

Рамките за прозорци се инсталираат само преку алатката за теми. Методот е објаснат погоре.

Икони

Иконите се инсталираат на истиот начин како и GTK темите. Пакетите со икони отпакувајте ги во папката .icons во домашниот директориум:

  cd ~/.icons/
  tar -xvvzf _icons_.tar.gz

каде _icons_.tar.gz е темата со икони која е симната. Иконите може да се инсталираат преку Themes алатката. Методот е опишан погоре.


Позадини

Позадини се избираат во System -> Preferences-> Desktop Background. Ако сакате можете да си додадете и ваши.

Врски