Идејник/Истражувања/НаставничкиМакедонија
Неколку пати сум бил целосно заинтересиран за состојбите и реформите во јавното образование во Македонија, особено во основното образование.
Она што ме интересира е дали модернизацијата на образованието според стандарди од Европска Унија (или од каде таму ги земаат примерите) може да се спроведе во услови кога некои општествени норми остануваат непроменети? Поконкретно мислам на ситуацијата во која наставничките (колку што знам најголем број на вработени во тој сектор се жени) треба да посветуваат време на совладување на нови програми и со тоа да се усовршуваат, а истовремено треба да се грижат за семејството на типичниот балкански-македонски начин (готвење, чистење, перење, пеглање).
Ова сметам дека е интересно да се разгледа од две страни:
- Дали реформите можат да се спроведат во ситуација кога ограниченото време прво се троши на семејни обврски, а потоа на стручно усовршување? Дали ваквата ситуација влијае на квалитетот на образованието на децата?
- Дали оваа ситуација (ако во таква ситуација се наоѓаат голем број на наставнички), се пренесува и во образованието, односно дали таму се создаваат или засилуваат ваквите традиционални ставови помеѓи децата?