Кирилична поддршка за конзола
Различните GNU/Linux дистрибуции имаат различни системи за подесување на конзолата, па затоа овде ќе ги опишам само директните команди со кои се подесува кирилична конзола (ионака ова е за hard-core линуксашите).
Ова е објаснување за користење на UTF-8 во конзолата, бидејќи сѐ друго во 21иот веќе нема смисла. За среќа во Linux кернелите од 2007ма па наваму конзолата по default работи во UTF-8 режим.
locale
locale-то мора да е подесено во /etc/profile
или ~/.bashrc
преку експортирање на следната променлива:
export LANG=mk_MK.UTF-8
Предуслов, секако, е инсталирано locale на системот (тоа повторно зависи од дистрибуција до дистрибуција, но командата најчесто е localedef). За провека дали го имате македонското locale, кога ќе ги извршите следните наредби треба да добиете сличен резултат:
$ locale -a | grep mk mk_MK.utf8 $ LANG=mk_MK.UTF-8 date чет, 28 јан 05:25:58 CET 2010
Фонтови
Препорачано е да се користи фонтот „cyr-sun16“ бидејќи го има целиот репертоар на македонски букви. Фонтот се вчитува со командата:
setfont cyr-sun16
Фонтот ги содржи сите потребни unicode мапирања па ништо друго не е потребно.
Тастатура
Соодветната UTF-8 македонска тастатура се вчитува со:
loadkeys mk-utf
Оние поавантуристички расположените можат да ја сменат датотеката "drivers/char/defkeymap.map" во source-от на Linux кернелот и да го рекомпајлираат. Со тоа македонската кирилична мапа станува дел од кернелот и не треба да се вчитува.
Користење на тастатурата
Кириличен режим се активира со: win95-start или десен alt, привремено преминуваат од латиница во кирилица win95-menu или лев alt-shift, преминува од латиничен во кириличен режим.
Референци
- source на тастатурата
- Други фонтови?
- Debian/Ubuntu?
- ArchLinux?
- Gentoo?
- RHEL/Fedora?