Упатство:Користење активни обележувачи во Фајрфокс
Веб канали
Некои интернет страници објавуваат многу нови статии и овозможуваат лесен начин да се биде во тек со нив преку RSS или Atom фидови. Иако секогаш можете да ги посетувате обележаните страници за да проверите дали има нови статии, некогаш е полесно новите статии автоматски да ви бидат пратени во т.н. веб канал (анг. web feed). На овој начин можете да ги добиете последните информации од интерес, дали се тоа најновите вести од Макфакс, последните статии од Кајмакот или од вашиот омилен блог.
Интернет прелистувачот Фајрфокс има една интересна функција наречена активни обележувачи (анг. Live bookmarks).
Како да ставите активен обележувач
Кога ќе посетите веб сајт кој има овозможено RSS или Atom фид, во алатникот за навигација ќе се појави оваа икона . На некои сајтови иако имаат веб канал за синдикација може да не се појави портокаловата икона во алатникот за навигација, доколку на сајтот видите врска RSS, Atom, XML, синдикација можете едноставно да ја кликнете и да ги направите истите чекори како и да сте кликнале на иконата.
Можете да го додадете каналот со кликнување на портокаловата икона десно од адресата. Ако има повеќе канали Фајрфокс ќе ви покаже листа од која може да одберете еден. Кога ќе кликнете на иконата Фајрфокс ќе се ги прикаже ставките од каналот и најгоре на страницата неколку начини на кои можете да се претплатите на каналот.
Од листата „Претплати се на овој канал со:“ изберете Активни обележувачи и кликнете на копчето Претплати се сега. Ќе се појави дијалог прозорец каде да го зачувате активниот обележувач.
Кога ќе кликнете „Додај“ активниот обележувач за тој канал ќе биде додаден на алатникот со обележувачи и секој пат кога ќе има нова вест на сајтот и самиот обележувач втоматски ќе се ажурира.