Бизнис проблеми
Оваа страница е креирана од Игор, за сите оние кои законски или на било кој друг начин се приморани да употребуваат ваков софтвер кој не ги задоволува нивните потреби поради тоа што работи само на MS Windows, има потреба од ActiveX (http://en.wikipedia.org/wiki/ActiveX) или Capicom (http://en.wikipedia.org/wiki/CAPICOM) за дигитално потпишување а овие правни лица употребуваат слободен софтвер или GNU/Linux.
Што подразбирам под зла апликација?
Тоа е апликација која мора да ја употребувате исклучиво на оперативниот систем MS Windows чија најефтина лиценца чини 60 евра, а за која не пости апликација која е еквивалентна или барем ја постигнува истата цел но работи на Gnu/Linux или во Mozila Firefox а нема потреба од ActiveX или било која друга proprietary технологија.
Па ако имате вакви проблеми, знаете за луѓе кои имаат вакви проблеми, надополнете ја оваа листа на програми, потоа најверојатно би оделе до некоја од стопанските комори, па ако има доволно интерес, средства и волја можеби ќе се направи некој план за изнаоѓање на решение за правните лица кои во своето работење користат слободен софтвер и GNU/Linux.
Секои други идеи се добредојдени.
Проблем бр.1: ФПИОМ
Софтверско решение на ФПИОМ, изработено од Грнаров во .NET 1.1 десктоп апликација, која користи capicom за дигитално потпишување на испратените податоци.
Дополнително употребува некоја друга контрола која најверојатно исто така не работи сo и на Linux.
Базата на податоци која се полни со податоци од клинетите. Фајловите се запишуваат во .crp а податоцкот за вчитување е во .txt
Пробав да ја стартувам под Wine, но добив само почетен екран и ерор
Често се јавуваат големи багови со софтверот (при вчитување на податоци и сл.)
Проблем бр.2: FX Client
Софтверско решение на Pexim.
Системски барања
Да пристапите на iBank сервисите потребен ви е Windows 98, Windows NT или Windows 2000 оперативен систем, Internet Explorer верзија 5 или погоре. Минимална конфигурација:
- Processor Pentium II 300mghz - 64mb RAM Меморија - 800*600 16bit Резолузија - Internet Explorer 5.0 со 128bit енкрипција - 24xCD читач или SmartCard читач
За да ги користите услугите на iBank системот потребно е да имате Дигитален сертификат односно дигитална лична карта, поради идентификација. На тој начин обезбедуваме механизам со кој се спречува откривање на содржината и измена на податоците.
Апликацијата бара MSSQL сервер што впрочем најмногу ја кочи работата за тоа да се пушта со Wine. Засега нема workaround.
Проблем бр.3: eBanking на Стопанска Банка А.Д. Скопје
Софтверско решение на Стопанска Банка А.Д. Скопје за менаџирање на тековни сметки и сметки на кредитни производи (кредити, кредитни картички...). Нуди можност за креирање налози за плаќање, преглед на трансакции, состојба на сметка, аплицирање за кредитни картички и други кредитни производи. Потребен е дигитален сертификат кој го издава Стопанска Банка А.Д. Скопје. Користи capicom за дигитално потпишување на налози.
- Технички барања:
- Оперативен систем : Windows 2000
- Internet Explorer 6.00 или повеќе
- пристап кон интернет од 33.600 Kbps или повеќе, ISDN или постојана врска
- Модем : 56K, или ISDN
Проблем бр.4: eBanking на Комерцијална Банка А.Д. Скопје
128-bit SSL комуникација
За пристап до Интернет банката, неопходно е Вашиот компјутер да има можност за 128-bit Secure Socket Layer (SSL) комуникација. Со употреба на 128-bit SSL размената на податоците со Интернет банката ќе биде шифрирана со што ќе се сочува тајноста на Вашите податоци и сигурноста на Вашето интернет работење. Целиот потребен софтвер за надградба можете бесплатно да го преземете од страницата на Microsoft, како што е опишано подолу.
УПАТСТВО
Проверете ги следните работи
1. Верзијата на Вашиот оперативен систем
(може да се види со десен клик на иконата My Computer -> Properties)
2. Верзијата на Вашиот Internet Explorer (IE) (додека сте во IE, одберете Help About -> Internet Explorer)
3. Способноста за 128-bit SSL комуникација (Help About -> Internet Explorer во секцијата Cipher Strength)
Доколку Вашиот оперативен систем е:
MS Windows XP , MS Windows 2000 (SP2, SP3 или SP4)
Не е потребно да правите никаква надградба.
MS Windows 2000
Проверете ја верзијата на Вашиот IE и способноста за 128-bit SSL комуникација како што е опишано во точките 2 и 3.
Доколку верзијата на IE е помала од 5.0, направете надградба на најнова верзија од http://www.microsoft.com/windows/ie/downloads/critical/ie6sp1/default.asp.
Инсталирајте High Encryption Pack од http://www.microsoft.com/windows2000/downloads/recommended/encryption/ со што надградбата е завршена.
MS Windows 98
Проверете ја верзијата на IE, како што е опишано во точката 2.
Ако имате верзија на IE поголема или еднаква на IE 5.5 тогаш нeма потерба да правите надградба.
Доколку имате верзија на IE пониска од IE 5.5, инсталирајте High Encryption Pack за соодветната верзија на IE, кој можете да го најдете на http://www.microsoft.com/windows/ie/downloads/recommended/128bit/default.asp или само инсталирајте најнова верзија на IE од http://www.microsoft.com/windows/ie/downloads/critical/ie6sp1/download.asp со што надградбата е завршена.