За заедницата

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Правила за заедничарење

Според Би

  1. Заедницата е на сите кои се чувствуваат како дел од неа и некако придонесуваат за остварување на идејата која сите ги води. Никогаш немој да си замислуваш дека ти имаш повеќе право на заедницата од некој друг.
  2. Никогаш не смееш да морализираш како ти за нешто правиш повеќе, а некој друг не го прави истото. Ти си одбрал тоа да го правиш и треба да си достоен на својот избор, ако некој не го избрал истото, тоа е негово право.
  3. Никогаш не смееш да се претставуваш како повистински дел од заедницата според твои сопствени критериуми, кои повеќе го вреднуваат она што ти го правиш.
  4. Не си ти тој што треба да каже дали некој е достоен или не да се нарече дел од заедницата. Ова не е религија и ти не си поп за да анатемисуваш. Во заедницата нема поголеми и помали членови.
  5. Никогаш немој да велиш дека нешто го правиш од љубов, а потоа да бараш одобрување и благодарност од другите. Ако го правиш од љубов, благодарност и глорификација нема да ти се потребни, а со тоа автоматски и ќе ги добиеш.

Според Новица Наков

Јас сакам да кажам дека сите кои користат слободен софтвер се дел од заедницата, но тоа не е баш така.

Ако сакате да бидете дел од заедницата ќе мора да направите нешто повеќе од 2-3 текста за слободен/отворен/бесплатен софтвер на вашиот блог или користиње Firefox или Ubuntu. Ако сакате навистина да станете препознатлив дел или почитуван член од заедницата ќе морате да направите уште некој чекор. Ќе мора да работите, да работите макотрпно. И луѓето ќе кажат дали е добро или не тоа што сте го сработиле, дали е доволно за да се цени, дали вреди да се памети како значаен придонес.

Некои членови од заедницата имаат поголемо влијание од другите. Нечиј збор секогаш повеќе важи. Ова не е нешто што е измислено во Македонија. Така е низ целиот свет. Кога Линус Торвалдс или Ричард Сталман ќе напишат порака до заедницата тоа има поголемо значење одошто кога јас ќе напишам. Нашата мала македонска заедница има исто свои сталмани или торвалдси или рејмонди или леријевци или џимијевци итн. (Ако имињава не ти значат, тогаш веројатно не си дел од заедницата.) Нивните мислења се ценат повеќе од оние на другите. Трудот секогаш се исплати - па макар било и вака.