Зошто е важен слободниот софтвер

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Слободниот софтвер е важен заради тоа што гарантира слобода во користењето на компјутерите. Прашањата поврзани со науката, културата, образованието и општеството воопшто, ја избиструваат сликата. Слободниот софтвер не е феномен ограничен на компјутерите.

Дефиницијата на слободниот софтвер потекнува од идејата за слободна размена на знаење и идеи која традиционално се наоѓа во научните полиња. Како и мислите, софтверот не е предмет, и може да се размножува без загуба. Споделувањето поттикнува еволутивен процес, што води до напредок на мислите и софтверот.

Само слободниот софтвер ја задржува можноста за разбирање и надградба на научните резултати. За научниците, тој е единствениот софтвер кој коренсподира со идеалите за слободна наука. Според тоа, промоцијата на слободен софтвер е исто така промоција на наука.

Дистрибуцијата на информации и формирањето на мислење се повеќе се прави преку дигиталните медиуми. Софтверот игра се поголема улога во демократизацијата на општествата. Тоа што слободниот софтвер им е достапен на сите и за било каква намена значи дека сите луѓе можат да учествуваат во овие процеси на демократизација. Слободниот софтвер овозможува еднакви шанси за заштита и приватност.

Етичките принципи на кои провејуваат низ идејата за слободниот софтвер се особено важни за образованието. Слободниот софтвер овозможува одлични ресурси за создавање на добри информатички кадри, но и за создавање на добри луѓе. Слободниот софтвер ги учи децата во училиштата дека споделувањето со пријателите не е лоша работа, дека помагањето е дел од човековата природа и основа на која е изградена човековата цивилизација.

Слободниот софтвер им нуди на земјите во развој технолошка моќ, контрола на нивната сопствена инфраструктура и еднакво технолошко партнерство со развиените земји.