Идејник/ЈавенДомен

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Македонија има временски неограничени морални права на авторските дела. https://en.wikipedia.org/wiki/Moral_rights Член 61 од законот


СКИЦА

Законот за авторското право и сродните права (Службен весник на РМ, бр. 115 од 31.08.2010 година) ја регулира употребата на народното творештво на следниот начин: Користење дело од народното творештво Член 53 (1) Користење дело од народното творештво е без надоместок. (2) Народното творештво се користи на достоен начин, без сакатење и под услов да е наведен изворот и потеклото на делото. (3) За остварување на правата од ставот (2) на овој член е надлежна јавната и научната установа - Институт за фолклор "Марко Цепенков" - Скопје.


Оваа употреба „без надоместок“ е најблиското нешто што го има во законот што соодветствува на англискиот/американскиот концепт за [| јавен домен].

Тоа што македонскиот Закон не дозволува целосно неограничена употреба на овие дела значи дека моралните права на народното творештво се во вечно постоење за кое е надлежен Институт за фолклор.


Член 16 од Устав на РМ

Член 16 Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слобо- дата на примање и пренесување на информации. Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно инфор- мирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно инфор- мирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информација- та во средствата за јавно информирање. Цензурата е забранета.