Изворен код

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Изворен код

Изворен код е текст напишан на некаков програмски јазик читлив за човекот. Изворниот код од кој се состои одредена програма е содржан во еден или повеќе текстуални датотеки,а може да биде напишан и на книги или други медиуми. Изворниот код на некоја програма е напишан во форма разбирлива за човекот,додека за да се изврши на компјутер како програма таа мора де се компајлира или да се изврши преку интерпретатор кој во реално време ќе го претвори изворниот код во извршлива датотека. Основата на кодот во некоја програма се состои од целиот изворен код кој таа програма го содржи.

Примена

Изворниот код главно се користи за создавање на објектен код(кој може да се изврши директно од компјутерот) или да се стартува преку интерпретатор. Тој исто така се користи за опишување на работата на софтверот,а почетниците во програмирање го користат за да научат повеќе за програмирањето. Изворниот код исто така се користи како алатка за комуникација помеѓу искусните програмери поради неговата концизна и недвосмислена природа. Споделувањето на изворниот е честа практика помеѓу програмерите бидејќи помага за усовршување на знаењето. Изворниот код се користи и како медиум за уметничко изразување,како што е примерот со PerlMonks.Org. Без изворниот код портирање на одреден софтвер е практично невозможно. Бинарно преведување може да се користи за извршување на програмата но не и за нејзино модифицирање,бидејќи машинскиот код од компајлерот е премногу тежок за да се прочита дирекно. Декомпилација може да се користи доколку не постои изворен код и со мали промени на кодот може да се создаде одржлив изворен код.Програмерите често позајмуваат изворен код од еден проект за друг, концепт познат како повторно употребување на софтвер.

Организација

Изворниот код на една програме може да се содржи во еден или повеќе текстуални датотеки.Изворниот код може да биде напишан во повеќе програмски јазици.Исто така е возможно одредени делови на некоја програма да се компајлираат оделно,а потоа да се извршат заедно како посебни библиотеки.Во некои јазици како Јава,секоја датотека е посебно компајлирана и споена заедно при извршување. Доколку некој софтвер се состои од многу датотеки кои треба да се компајлираат,тогаш сложеноста на компајлирање се намалува со Makefile која се грижи за тоа како се компајлираат,и како се поврзани датотеките. Системот за Контрола на ревизијата е често користена алатка со која развивачите го одржуваат изворниот код.


Лиценцирање

Софтверот како и неговиот изворен код главно спаѓа во две групи:Слободен и Сопственички.Доколку изворниот код на софтверот е слободен да се користи,дистрибуира,модифицира и проучува,тој е слободен,а доколку е приватен и доколку изворниот код не е достапен за сите,тогаш тој е сопственички. Во некои случаи изворниот код се смета како право на говор и е заштитен како таков.