Категорија:Сподели знаење

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Сподели знаење

Сподели знаење е настан кој се случува секој втор вторник, од 20:00 до 22:00 часот, во големиот амфитеатар на „Факултетот за електротехника и информациски технологии“ (ФЕИТ - порано познат како ЕТФ).

Идејата е сите млади и постари кои се заинтересирани за слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн., да може да се соберат за да споделат знаења и искуства, да дискутираат и експериментираат.

Присуството е слободно, бесплатно и пожелно. Земете си и лаптоп, компјутер, празни CD-иња ако сакате.

Оваа категорија овде треба да обезбеди платформа за соработка и вообличување на идеите и активностите поврзани со Сподели знаење, а овде треба да остави дигитален факсимил од некое од предавањата и темите со кои се поврзани.

Страници во категоријата „Сподели знаење“

Оваа категорија содржи само една страница.