Кирилични домени

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Почитувани,

ни преставува особена чест да ви честитаме за успешното завршување на процедурата за регистрација на интернационален кириличен домен за Македонија (.мкд). На вас како носители на овој процес искрено сакаме да ви заблагодариме за афирмацијата која ја правите на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо во рамките на интернационалниот интернет простор.

„Слободен софтвер Македонија“ веќе 14 години од своето основање делува во насока на афирмација на македонскиот јазик и кирилично писмо во интернационалниот интернет простор.

За да го доближиме процесот на конфигурирање на кириличен домен до македонската техничка јавност сакаме да побараме од вас регистрација на домен „слободенсофтвер.мкд“ како еден од првите кирилични домени кои ќе може да се користат и од ваша страна во промоцијата.

Доменот „слободенсофтвер.мкд“ е веќе поставен на именските опслужувачи ns{0,1,2,3}.slobodensoftver.org.mk. Дизајниран е сајт кој во меѓувреме може да се погледна на http://slobodensoftver.org.mk/кирилица каде се објаснети чекорите за конфигурација на кирилични домени за слободните алатки кои се авторитативни днс (Bind, PowerDNS, dnsmasq, djbdns), најчесто користените веб сервери (Apache, Nginx, Lighthttpd).

Сакаме на овој начин да допринесеме за побрзо и полесно прифаќање на .мкд кириличниот домен.

Ви благодариме.

....

(*) http://слободенсофтвер.мкд (*) http://slobodensoftver.org.mk/кирилица (*) http://www.icann.org/en/news/announcements/announcement-14apr14-en.htm