Подесување на кирилична тастатура во X window system-от

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Прв услов што мора да биде задоволен е исправно подесено [locale].

За самото активирање на македонската тастатура најзгодно е да се искористи програмот __setxkbmap__. Еве неколку примери:

Десниот алт менува распоред во кирилица

setxkbmap -layout mk

Во XFree86 4.3.0 има мали промени и командата за македонска тастатура е:

setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch

Ctrl-Shift менува во кирилица

setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch -option grp:ctrl_shift_toggle

Alt-Shift менува во кирилица

setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch -option grp:alt_shift_toggle

Напредно

Оваа е покомплицирана команда која: кога тастатурата е во кирилица свети scroll_lock диодата, menu копчето префрла во кирилица додека повторно не се стисне, левото win копче има иста функција како десниот алт, и десното win копче има [Compose] функција:

setxkbmap -layout 'us,mk' -option grp:switch -option grp_led:scroll -option grp:menu_toggle -option grp:lwin_switch -option compose:rwin

Стандардни подесувања

Оваа команда ги враќа подесувањата на стандардна американска тастатура:

setxkbmap -layout '____' -option '____'

Останато

Постојат многу други можности за __-option__ параметарот. Сите тие може да се видат при крајот на датотеката:/usr/X11R6/lib/X11/xkb/rules/xfree86. %%% %%% %%%