Хаклаб/ДонацииПисмо

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Помогнете му на првиот скопски хаклаб!

Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, кондоми, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија. Ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и тоа ќе го земеме. Ако немате ништо зимаме и пари :)

Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата. Некои од проектите на кои што работиме се и „Сподели знаење“, „Ubuntu прва помош“, програмирање за почетници (Python, Ruby и C), „Сподели кино“ и електроника. Целта на сите овие проекти е да се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува.