Хаклаб/Проекти/USBtinyISP

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

AVR Atmel ICSP програмер

AVR Atmel ICSP (In Circuit System Programmer) со кој ќе ги програмираме atmel чипчињата оти се најачи. Програмерот е од тип tinyusb и е праен по шема на http://ladyada.net/make/usbtinyisp/.

Програмерот има еден AtTiny2313 микроконтролер на кој што е софтверки имплементирано USB 1.0 протокол и кој преку еден уни-дирекционален бафер (74HC125) се конектира на флет кабел со соодветни конекции за ICSP пиновите. Првичното програмирање и подесување на fuse-овите на AtTiny2313 е извршено со Arduino ICSP програмер.

(sliki od programerot)

Програмерот има 3 различни хедери:

  • Стандарден 3х2 ISP хедер
  • Стандарден 5х2 ISP хедер
  • Кика - 6 пински хедер


Користење на avrdude

Микроконтролерите се програмираат со помош на avrdude алатката која што ја има следната синтакса :

avrdude -p <моделот на микроконтролерот> -c usbtiny -v -U flash:w:<фајлот.hex>


За програмирање на fuse-овите се користи -U <типот на fuse-от - lfuse или hfuse>:w:<fuse-от>

За пресметка на соодветните параметри за fuse-овите : http://www.engbedded.com/fusecalc


Распоредот на пиновита на КИКА хедерот е следниот

пин функција
1 (црвена жица) VCC
2 MOSI
3 MISO
4 SCK
5 RST
6 GND