Arbeitsbesprechung-20130113

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Присутни:

Арангел, Игор, Тамара, Миопа, Алекс, Илин П, Божидар, Бидиков, Гоце, Ана, Миша

Промена на ќуќен ред

Членови:

  • да се постави листа на членови на вики (членови: луѓе што плаќаат членарна и учествуваат во работата на хаклабот; пријатели: луѓе кои што го поддржуваат хаклабот финансиски - старите луѓе што го помагале хаклабот остануваат во листата на членови)
  • нов член може да биде изгласан на било кој состанок на членовите на хаклабот
  • членовите кои недолично ќе се однесуваат или ќе прекршат едно или повеќе од правилата од куќниот ред може да им биде одземено членството преку гласање на состанок
  • Промените ќе бидат вметнати во куќниот ред.

TODO

  • Алекс ќе напише мејл и блог пост за средствата што ни се потребни за доизградба на 3д принтерот, исто така ќе направи кутија за донации посебно за овој проект во хаклаб, треба да собереме 70 евра
  • Финансии: ќе се потрудиме да ги добиеме извештаите за донации во електронска форма и да направиме некоја историја на донации и моментална финасиска состојба заедно со период до кој што имаме пари за функционирање на хаклабот. Моментално сме во слична позиција како и пред неколку месеци каде што имаме останато пари за покривање на трошоците за највеќе 3-4 месеци.
  • Алекс ќе проба да организира hardware hacking во понеделник заедно со gnu/linux прва помош за да не трошиме ресурси на посебен настан уште еден ден (ова може да го разгледаме пак на некој од наредните состаноци)

од минатиот состанок

  • да се отвори вики страница за списокот за чистење
  • да се отвори вики страница за инцидент трекинг