Arch

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Arch Linux е дистрибуција креирана од Judd Vinet. Инспирацијата доаѓа од CRUX, и Arch има за цел да биде лесна и едноставна за напредни корисници, следејќи ги следните принципи:

Arch Linux со KDE 3.5.7
  • следење на KISS (Keep it simple, stupid) правилата;
  • избегнување на графички алатки за градење или конфигурирање на системот;
  • придонес за градење и одржување на Arch Linux е добредојден само доколку тој е во склад со филозофијата на Arch.

Arch Linux користи BSD-стил за скрипти за иницијализација и се заоснова на бинарни пакети. Пакетите се насочени кон i686 архитектурите со цел олеснување на перформансите за новите хардверски компоненти и платформи.

Arch Linux користи „издавање со тркалање“ (rolling release) систем, со издавање на нови пакети секојдневно. Справувањето со пакети дозволува корисниците да го одржуваат системот ажуриран редовно. Наместо корисниците да се охрабруваат да инсталираат нови верзии постојано, нив им се нудат секојдневни порции со нови верзии на одреден софтвер и пакети. Првото издание е 0.1 (кодно име Homer) кое излезе на 11 март 2002г., а последното е Don't Panic издадено на 10 септември, 2007г.

Справување со пакети

Arch Linux првенствено се базира на бинарни пакети. За овие пакети се грижи справувачот за пакети Pacman, кој се справува со инсталирањето на пакетите, ажурирањето и отстранувањето од системот. Пакетите за Arch се земаат од официјалното дрво на системот. Моментално постојат пет различни складишта: core - ги содржи сите пакети потребни за инсталирање основен систем, extra - ги содржи пакетите кои не се суштински за основата на Arch да функционира, unstable - нестабилни пакети за софтвер во развој и за тестирање и community - складиште одржувано и создадено од заедницата на корисници на Arch.

Како дополнување на овие складишта, постојат бројни индивидуални складишта за конкретни проекти или потреби. Пакетите се создаваат преку 'Arch Build System' (ABS). Овој систем за справување со пакети е сличен на BSD-овиот 'ports'. Во него има скрипти и други датотеки кои овозможуваат пакетите да бидат изменувани и изградени од корен, вклучувајќи и пре-градење на целиот систем со модифицирање на флегови за компајлерите.

Врски