DRM

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Термини

  • Digital Rights Management (DRM) = Управување на дигиталните права (УДП) или како ние го нарекуваме Управување на дигиталните забрани (УДЗ);
  • Technological Protection Measures (TPM) = Технички мерки за заштита (ТМЗ);

Управување на дигиталните права (УДП) е технологија која има влијание врз сите корисници кои имаат компјутери, мултимедијални уреди, мобилни телефони и други уреди.

УДП има влијание врз вас. Можеби сте сретнале некаде како се дискутира за „Digital Rights Management (DRM)“ или „Technological Protection Measures (TPM)“. Овие поими го предлагаат она што поборниците за УДП веруваат дека е употреба и оправдување за Управување на дигиталните забрани, но кријат што оваа технологија работи за да го постигнат следново: неметнување на забрани од трети лица врз корисниците на компјутери и други уреди, со или без знаење на корисниците.

Слободен софтвер Македонија ќе ви помогне да разберете какво влијание ќе има УДП врз вашиот живот и врз општеството во кое живеете.

Зошто ова е и ваша грижа?

(од Georg Greve, FSFE) Управување на дигиталните забрани (УДЗ) е технологија која што ќе има комплетно влијание врз корисникот на дигитална технологија. Постојано се вградува во секој тип на електронски уреди, вклучуваjки ги и компјутерите, мултимедијалните уреди, мобилните телефони, видео игрите итн.

Иако УДЗ ќе смени многу основни правила на општеството, нема политичка расправа за овие промени, и дали тие се прифатливи за општеството. Делумно, можеби ова е бидејќи некои личности погрешно претпоставуваат дека ова нема да има влијание врз нив, но воглавно, повеќето луѓе немаат слушнато за УДЗ или нивните информации се добиени од истите корпорации кои што профитираат од претставување на УДЗ.

Овие корпорации го претставуваат како Управување на дигиталните права - УДП (Digital Rights Management - DRM) или како Технички мерки за заштита - ТМЗ (Technological Protection Measures - TPM). Но, од корисничка гледна точка, ова не е за права ниту за заштита.

Точки за кои може да размислувате

  • УДЗ значи губење на контролата

Основната функција на Управување на дигиталните забрани е на некои произведувачи да им даде контрола за тоа што потрошувачот може и не може да прави, вклучувајќи кога, колку често, колку долго и под кои услови.

  • Чии интереси преовладуваат?

До сега, вашиот компјутер се обидуваше да прави она што е најдобро за вас. Со УДЗ, вие сте означени како закана за она што некој друг го посакува, чии интереси се секогаш поважни за системот наместо за Вас.

  • Вие сте непријател за УДЗ

Сите кои внимаваат на безбедноста се фокусирани на потенцијален непријател, напаѓачот на системот. Во случајот на Управување на дигиталните забрани, ова значи: Вие се сметате како главна закана за системот кој е инсталиран на вашиот компјутер и вашиот компјутер ќе се однесува соодветно на вашите акции.

  • УДЗ ја загрозува вашата безбедност

Управување на дигиталните забрани создавава „забранети“ зони во вашиот компјутер со непознати безбедносни проблеми кои имаат влијание врз вашиот целокупен систем. Ниту еден систем не е целосно безбеден. Безбедноста на вашиот компјутер е процес од кој што вие сте исклучени поради придобивките за УДЗ.

  • УДЗ е кошмар за безбедноста

За издавачот на системот на дигитални забрани, кој се обидува да обезбеди далечна контрола врз нечиј компјутер е кошмар за безедноста. Поради оваа причина, УДЗ системите се тешки и скапи за поставување и одржување.

  • УДЗ е кошмар за одржување

На инфраструктурата за Управување на дигиталните забрани и е потребно одржување и потребни се ажурирања како што технологијата се развива. На денешното ниво на развиеност, ова се преведува како вечен проблем со некомпитабилности и многу работа. Но, доколку тоа одржување се извршува, дали системот ќе функционира нормално?

  • УДЗ е финансиски кошмар

Поради нивната висока развиеност и безбедносни проблеми, УДЗ системот го споредуваат со трошоците за чистото физичко доставување. Но, за разлика од чистото физичко доставување, голем дел од трошоците за одржување се малавуваат по продажбата.

  • УДЗ доаѓа со непознат краен рок

Дури и ако самото УДЗ не одредува ограничување на крајниот рок за вашата музика, видео записи и податоци, сепак, има краен рок. Потребно е одржување на инфраструктурата со високи трошоци и кога тоа одржување ќе престане, Вие нема да имате пристап кон вашата музика, видео записи и податоци.

  • УДЗ наштетува на демократијата

Владите не се имуни на ефектите од УДЗ. Кога владите ќе почнат да користат софтвер и оперативни системи со УДЗ, тие повеќе нема да бидат сопственици на податоците и информациите на нивните држави и всушност тие нема да знаат кога нивниот пристап до тие информации ќе биде „пресечен“ поради комерцијални турболенции на системскиот доставувач на УДЗ.

  • УДЗ е лошо за авторите и изведувачите

Спротивно на популарните верувања меѓу оние кои го промовираат Управувањето на дигитални забрани, најверојатно, зависноста на авторите и изведувачите ќе стане поголема кон доставувачите на каналите за дистрибуирање, така што би било скапо како и чистото физичко доставување, но, може да биде прекршено во било кое време притоа повлекувајќи претходни продажби на плочи, видео записи, податоци итн.