KBabel

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Главниот прозорец на KBabel на македонски

KBabel е апликација која е множество од алатки за уредување и справување со PO датотеки од gettext програмот. Главниот дел е моќен и удобен уредувач за PO датотеки кој се карактеризира со можност за целосна навигација, целосна функционалност за уредување, можност за пребарување низ преводи од други речници, проверка на правопис и синтакса, приказ на разлики итн. Исто така во апликацијата е вклучен и „Менаџерот за каталози“, менаџер за справување со датотеки преку кој можете да имате преглед врз PO датотеките.

Исто така во KBabel е вклучена и независен речник како дополнителна можност да пристапите до моќните можности на KBabel. Оваа апликација ќе Ви помогне да преведувате брзо и постојано да го одржувате преводот.

Врски