Konqueror

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Прелистувачот Konqueror

KDE проектот или работната околина, со себе носи низа апликации кои на крајните корисници им се потребни за задоволување на нивните потреби. Една од нив е прелистувачот и справувачот за датотеки (eng. File manager) Konqueror. Се карактеризира со едноставност во дизајнот и брзина на функционирање. Единствена мана веројатно е тоа што за енџин за анализирање на *html* код, користи KHTML за разлика од широко-употребуваниот Gecko. Некои тоа не го сметаат за мана, но статистиките покажуваат дека KHTML има многу пропусти во однос на анализирањето (парсирањето) на страните на Мрежата. Тоа можеби и се должи поради тоа што дизајнерите и веб програмерите не ги оптимизираат своите производи (веб страните) за KHTML туку само за Gecko базираните прелистувачи и Internet Explorer. Тоа доведува до претстава дека Konqueror не го бидува, но впрочем на моменти прелистувачот се покажал како далеку подобар за разлика од сите останати.

Konqueror не мора да го симнувате и инсталирате од никаде. Ако имате KDE тогаш го имате и Konqueror. Тоа оневозможува користење на Konqueror на други платформи, но во секој случај Konqueror може да се користи и под други работни околини (GNOME, XFce) ако се инсталирани модулите од KDE кои го носат и се задоволени сите нивни зависности.


Оптимизација

Стандардниот Konqueror е подесен на начин што може да ви понуди се што ви треба. Единствено препорачливо е да подесите користење на кеш, идентификација на прелистувачот и инстанци од прелистувачот вчитани во меморија. Konqueror за поврзување со интернет прво се обидува да се поврзе преку IPv6 протоколот(кој сеуште се користи за помали мрежи), и за да го забрзате вчитувањето на веб страни исклучете го IPv6 протоколот додадете ја линијата KDE_USE_IPV6=”no” во /etc/enviorments или доколку стои "yes" сменете го во "no".

Кеш

Кешот како и во сите други прелистувачи ги чува претходно посетените места на Интернет со што може да заштедите време на вчитување и неколку килобајти врска. Вие само треба да му кажете на Konqueror да користи кеш и тоа само кога тоа е возможно. Одете во Settings -> Configure Konqueror -> Cache. Тука прво овозможете го полето за избирање Use Cache и подолу изберете Use Cache when possible. За големина на кешот доволни се 100kb со што ќе добиете функционален кеш и заштеда на простор.

Вчитани инстанци на Konqueror

Settings -> Configure Konqueror -> Performance. Во Preload изберете да секогаш се вчитува Инстанца од прелистувачот при пуштање на KDE. И максимален број на вчитани инстанци во меморија изберете 2. Тоа би го забрзало пуштањето на Konqi кое и онака не е многу бавно (барем не како Firefox).

Приклучоци

Приклучоците се битни за правилно прикажување на некоја страна. Главните дистрибуции ги имплементирале приклучоците и во Konqueror но некогаш прелистувачот не може да прикаже нешто затоа што не може да го најде правилниот приклучок.

За инсталирање приклучоци во Konqueror одете исто во Settings -> Configure Konqueror -> Plugins. Пример за инсталирање на Flash приклучок, симнете ја архивата со приклучокот или ако веќе имате инсталиран приклучок за Flash за Firefox тогаш го имате и приклучокот само треба да го овозможите. Кликнете на New и изберете го директориумот каде што е приклучокот, ако сте го симнале вие отпакувајте ја архивата и изберете ја патеката до директориумот, ако сакате да го користите од Firefox додајте го /home/<user>/.mozilla/firefox/plugins/. Потоа кликнете врз "Scan for new plugins" по што новите приклучоци ќе се забележат и вчитаат во Konqi. Рестартирајте го Konqueror и треба се да е во ред.

Идентификација на прелистувач

Ова е супер можност на Konqueror. Преку оваа можност вие ќе може да му кажете на некои страни дека сурфате од Internet Explorer, а впрочем сурфате од Konqueror. Тоа е потребно кај страни кои применуваат глупави проверки на прелистувачот и ако забележат дека не е Internet Explorer или Gecko-базиран воопшто не ви ја отвораат страната. Исто одете во Settings -> Configure Konqueror -> Browser Identification. За страната која сакате да ја „излажете“ треба да додадете нова линија во празната листа. Кликнете на New и внесете ја адресата на страната што сакате да ја посетите со лажна идентификација. Потоа изберете ја идентификацијата (има едно чудо ID-а), и кликнете Ok. Сега пробајте да ја посетите страната и да се уверите во постигнатото. Супер...