Kopete

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Kopete main.png

Kopete е клиент за инстант пораки кој поддржува многу протоколи и кој е слободен софтвер. Иако може да работи на речиси сите работни околини, најдобро е интегриран во KDE околината, од која што е и дел. Според Често поставуваните прашања за Kopete, името доаѓа од Чилеанскиот збор Copete кој се однесува на алкохолни пијалоци.

Можности

  • Групирани пораки во еден прозорец со многу ливчиња за префрлање на разговорите
  • Опциите за сметки дозволуваат корисниците да се најавуваат со повеќе сметки
  • Замена на имиња во листа на контакти
  • Групирање на различни контакти како мета-податоци
  • Известување за мета-контакти
  • Интеграција со KAddressBook и KMail
  • Бележник на развговори со поддршка за преглед на Историја
  • Стилови на прозорец за разговор преку XSL и CSS
  • Балонче за известување на пристигната порака
  • Поддршка за видео разговори преку MSN и Yahoo! протоколи
  • Проверка на правопис

Поддржани протоколи

Kopete дозволува корисниците да се поврзуваат преку овие протоколи:

  • .NET сервисот за пораки (MSN)
  • AOL инстант пораките (AIM)
  • Gadu-Gadu
  • GroupWise
  • ICQ
  • Internet Relay Chat (познат како IRC)
  • Jabber (XMPP) / Google talk
  • Lotus Sametime преку Meanwhile додатокот
  • Novell GroupWise
  • SMS
  • Skype (преку Kopete Skype)
  • Winpopup Windows' стара мрежа за инстант пораки
  • Yahoo! Messenger

Видете и..

Врски

Официјален сајт на Kopete