Richard Stallman

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Richard Matthew Stallman (често скратувано како RMS) (роден на 16 Март, 1953) е основач на движењето за слободен софтвер. Во неговите постигнувања се вбројуваат Emacs (подоцна и GNU Emacs), компајлерот GCC и дебагерот GDB. Тој е автор на лиценцата GNU General Public License (GNU GPL или GPL), најмасовно користената лиценца за слободен софтвер, којашто го промовираше концептот на copyleft.

Од средината на 1990-те, Stallman работи на промовирање на слободниот софтвер и на кампањи против софтверските патенти и ширењето на законот за авторски права.

Richard Stallman

Основање на GNU

Во 1985, Stallman го објавува Манифестот на GNU и во него ја изложува својата мотивација за создавање на слободен оперативен систем наречен GNU, којшто би бил компатибилен со Unix. Името GNU е рекурзивен акроним на GNU's Not Unix (ГНУ не е Unix). Набргу потоа ја основа непрофитната организација Free Software Foundation (FSF) со цел да вработува програмери на слободен софтвер и да обезбеди законска инфраструктура за заедницата на слободен софтвер.

Во 1985, Stallman го создава и популаризира концептот на copyleft, законски механизам за заштита на правото на модификација и редистрибуција на слободен софтвер. За првпат тој концепт е имплементиран во лиценцата GNU Emacs General Public License, а во 1989 година е објавена и првата програмски-независна лиценца за слободен софтвер GNU General Public License. До тогаш веќе е завршен поголемиот дел од GNU системот, со исклучок на јадрото. Во 1990, членовите на проектот GNU започнуваат проект за креирање на јадро наречено GNU Hurd, но една ризична дизајнерска одлука се покажува за лош чекор и развојот на Hurd оди многу бавно.

Со создавањето на софтверски алатки потребни за развој на софтвер, и со објавувањето на генерализирана лицена што може да се примени на било кој софтверски проект (слободната лиценца GPL), Stallman овозможи полесен и поедноставен развој на слободен софтвер независно од проектот GNU. Во 1991, еден таков независен проект доведува до создавање на јадрото Linux. Тоа можеше да се комбинира со GNU системот и да се направи еден комплетен оперативен систем. Повеќето луѓе го користат името Linux за референцирање на оваа комбинација од јадрото Linux заедно со GNU системот. Оваквото користење на зборот Linux според некои мислења ја занемарува улогата и значењето на проектот GNU.

Stallman има напишано многу есеи за слободата на софтверот и е главен водач на активностите на движењето за слободен софтвер.

Врски