TeX

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

TeX е систем за составување на податоци создаден од Donald Knuth. Заедно со јазикот Metafont за опис на фонтови и Computer modern typeface (?), е дизајниран со две главни цели: прво, да овозможи создавање на високо-квалитетни книги со мал напор и второ, да овозможи систем кој ќе даде точни резултати за сите компјутери, сега и во иднина. TeX е слободен софтвер и е популарен во академските кругови, особено кај математичарите, физичарите и компјутерските научници, економистите и политичките научници итн. На големо го замени troff од Unix.

TeX од некои се смета за најдобриот начин да се состави комплексни математички формули, но исто така се користи за различни и слични задачи, особено во форма на LaTeX и други пакети со шаблони.

Краток опис на синтаксата

TeX командите најчесто започнуваат со коса црта \ и се групирани во {големи загради}. Сепак, сечиси сите TeX синтаксички својства може да се сменат наеднаш што го прави парсирањето на TeX командите од други апликации речиси невозможно. Tex е макро јазик: многу команди, вклучувајќи многу дефинирани од самите корисници, се проширени во моментот на користење додека непроширливите „жетони“ остануваат исти до нивното извршување. Проширување само по себе е ослободено од странични ефекти. Сето тоа го прави TeX јазик на ниво на проширување (?).

MIME тип за овој тип на датотеки е 'application/x-tex', а проширување кое се користи е .tex.