Ubuntu - инсталација

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
 На оваа содржина му е потребно ажурирање поради застареност.
 ДОКОЛКУ ЗНАЕТЕ КАКО СТОРЕТЕ ГО ТОА, ВО СПРОТИВНО НЕ СЕ
 ПОТПИРАЈТЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО СОДРЖИНАТА.

Во најновата верзија на Ubuntu - Dapper Drake 6.06 инсталацијата ќе се извршува графички, преку живото CD со алатката Espresso. Инсталацијата со Espresso е побрза и поедноставна од класичниот текстуален метод на инсталација кој што е претставен овде.

Откако системот ќе го открие инсталационото CD за Ubuntu во читачот, на екранот се појавува големо лого Ubuntu. Притиснете Enter и почекајте да се вчита кернелот со сите параметри кои сте ги внеле по појавувањето на екранот со логото. Во првиот чекор се избира еден јазик од дадената листа на јазици меѓу кои е и македонскиот јазик.

Jazik ubuntu.png

Потоа одберете локација. Најверојатно се наоѓате во Македонија, па изберете „друго“ и пронајдете ја Македонија во листата. Во следниот чекор изберете распоред на тастатурата. Почекајте да се вчитаат компонентите, а во новиот чекор внесете го името на хостот. Препорачливо е да го оставите веќе даденото. Наредно се врши партиционирање на тврдиот диск. Доколку немате партиции со ext3, reiserfs или xfs датотечен систем, направете од веќе постоечките или од празниот простор. Задолжително е правењето на / - root партиција и на swap партиција. Правењето на /home партиција за лични податоци и мала /boot партиција за сликите на кернелот е препорачливо. Кога сте готови со партиционирањето причекајте основата да се инсталира на тврдиот диск. Во следните чекори одберете временска зона (CET) и направете корисници на системот. Кога ќе бидете готови, системот ќе се рестартира. Оставете го ЦД-то во читачот. Наредната фаза ќе се врши автоматски. Таа се состои од отпакување на пакетите на ЦДто (канцелариски пакети, пуштачи на музика, работна околина и сé останато). Без повторно рестартирање на машината, системот ќе биде употреблив по завршувањето на оваа фаза. Вашиот Ubuntu систем е инсталиран. Се што преостанува е да се најавите.

Стандарден екран за најавување во Ubuntu Linux

Инсталацијата за Kubuntu и Xubuntu е скоро иста.

Првични конфигурации

За конфигурирање на системот и прилагодување на работната околина се користат алатките од менито за Администрација на системот. За конфигурирање се користи sudo и е потребна лозинка на тековниот корисник. Root е оневозможен заради поголема безбедност.

Нови пакети се инсталираат со алатката за инсталирање на нови пакети која веќе доаѓа со системот или со Synaptic или со Automatix.

Работната околина можете да ја прилагодите по веќе дадените инструкции за подесување на GNOME или XGL.