Преглед на кодот на DVI
←
DVI
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Немате дозвола за уредување на оваа страница.
Можете да го погледнете и копирате кодот на оваа страница.
DVI (Device Independent) е [[Отворени формати|отворен формат]] на датотеки кој не е зависен од некој надворешен уред и кој произлегува од програмата за составување документи/податоци, [[TeX]]. DVI е дизајниран од David Fuchs во 1979. За разлика од маркап датотеките на [[TeX]] кои се користат за нивно генерирање, DVI датотеките не се создадени со намера да бидат читливи за човекот. Се состојат од бинарни податоци кои опишуваат визуелен слој на документот, на начин нeзависен од било кој друг [[Формат|формат]] за датотеки, уред за прикажување слика или печатач (од таму DVI и го добива своето име). DVI датотеките најчесто се користат за влез до секундарна програма (наречена DVI драјвер) која ја преведува DVI датотеката во графички податоци. На пр. повеќето софтверски пакети за [[TeX]] вклучуваат програма за преглед на DVI датотеки на корисничкиот екран, таа програма се нарекува драјвер. Исто така, драјвери се користат за конвертирање на DVI датотеки во популарни формати на документи, (пр. [[PostScript]] или [[PDF]]) и за печатење. [http://mk.wikipedia.org Википедија] користи [[PNG]] драјвер за генерирање слики за математички формули во објавените содржини. == Нешто повеќе == DVI не е формат за енкрипција на документи, и [[TeX]] синтаксата може делумно да се прочита со назадно-инжинерство (?) од DVI датотеки, иако овој процес веројатно нема да произведе конструкција од високо ниво идентична на таа која е присутна во оригиналниот маркап документ, особено ако оригиналниот маркап користи [[TeX]] проширувања од високо ниво (пр. [[LaTeX]]). DVI се разликува од [[PostScript]] и [[PDF]] во тоа што тој не поддржува било каква форма на вградување на фонтови. И двата наведени формати, можат или да ги вградат нивните фонтови во документот или да повикаат надворешни фонтови. За DVI датотеката да биде испечатена или правилно прегледана, фонтовите кои се повикуваат мора да бидат инсталирани. Исто така, за разлика од [[PostScript]], DVI не е целосен (Turing-complete) програмски јазик, иако користи ограничена форма на машински код. == Софтвер за отворање DVI датотеки == Софтвер кој поддржува DVI датотеки денес има во изобилство, особено [[слободен софтвер|слободен]]: === Читање === * Yap * [[Evince]] * [[KDvi]] === Претворање во PDF === DVI може лесно да се претвори во [[PDF]] форматот со користење на овие алатки: * '''dvipdf''' * '''dvipdfm''' * '''dvipdfmx''' == Врски == * [http://www.math.umd.edu/~asnowden/comp-cont/dvi.html Опис на DVI форматот] * [http://www.macrotex.net/dvii/ Алатка за информации за DVI датотека] [[Категорија:Отворени формати]]
Назад на
DVI
.
Прегледник
Лични алатки
Направи сметка
Најава
associated-pages
Страница
Разговор
македонски
Посети
Читај
Погл. извор
Историја
Повеќе
Пребарај
Прегледник
Главна страница
Скорешни промени
Случајна страница
Помош за МедијаВики
Службени страници
Алатки
Што води овде
Поврзани промени
Информации за страницата