Kanotix: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19: Ред 19:
Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Канотикс на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.
Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Канотикс на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.

====== Потребно за инсталација ======
= Потребно за инсталација =

Потребна ви е ISO слика која ќе ја изрежете на ЦД. [[http://debian.tu-bs.de/project/kanotix/preview/KANOTIX-2006-CeBIT-RC3.iso|Симнете ја од овде]]. Режете ја на разумна брзина, со цел да не се појават грешки при активирањето на системот или инсталацијата на истиот.

Преработка од 18:53, 4 мај 2006

Здраво за Канотикс Линукс

Канотикс Линукс е систем кој е релативно млад во споредба со другите системи. Инициран и првично развиван е од младиот германец Jörg Schirottke (на irc.freenode.org познат како Kano), кој ги увиде недостатоците на Кнопикс Линукс по што пројави желба да го направи подобар. На крајот излезе сосема нов систем, базиран на Дебиан кој се вика Канотикс Линукс (Kanotix Linux).

Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Канотикс на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.

Потребно за инсталација

Потребна ви е ISO слика која ќе ја изрежете на ЦД. Симнете ја од овде. Режете ја на разумна брзина, со цел да не се појават грешки при активирањето на системот или инсталацијата на истиот.

Канотикс е дистрибуција која може да се активира од ЦД (Жива/Live дистрибуција), или да се инсталира (ова подразбира прво активирање од ЦД). За да го натерате компјутерот системот да го активира од ЦД Уредот, подесете го BIOS-от да првичен уред каде BIOS-от ќе бара систем е ЦД уредот кој ќе го користите за инсталација (ако не знаете како, консултирајте се со сервисерите од каде што сте го набавиле компјутерот).

Ставете го ЦД-то во уредот. На самиот старт треба да се појави мени за избор (GRUB) како на сликата:

Kanotix grub.png

Канотикс Линукс е систем кој е релативно млад во споредба со другите системи. Инициран и првично развиван е од младиот германец Jörg Schirottke (на irc.freenode.org познат како Kano), кој ги увиде недостатоците на Кнопикс Линукс по што пројави желба да го направи подобар. На крајот излезе сосема нов систем, базиран на Дебиан кој се вика [Линукс] (Kanotix Linux).

Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Канотикс на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.

Потребно за инсталација

Потребна ви е ISO слика која ќе ја изрежете на ЦД. [ја од овде]. Режете ја на разумна брзина, со цел да не се појават грешки при активирањето на системот или инсталацијата на истиот.

Канотикс е дистрибуција која може да се активира од ЦД (Жива/Live дистрибуција), или да се инсталира (ова подразбира прво активирање од ЦД). За да го натерате компјутерот системот да го активира од ЦД Уредот, подесете го BIOS-от да првичен уред каде BIOS-от ќе бара систем е ЦД уредот кој ќе го користите за инсталација (ако не знаете како, консултирајте се со сервисерите од каде што сте го набавиле компјутерот).

Ставете го ЦД-то во уредот. На самиот старт треба да се појави мени за избор (GRUB) како на сликата:

Инсталации:kanotix grub.png?400x200

Ако сакате на германски, го избирате првиот елемент од менито, за англиски изберете "ACPI On DMA On - English".

Првично подигнување на Канотикс

Системот треба да се активира, треба да го препознае најголемиот дел од хардверот што го имате. Доколку наидете на проблем, обидете се да пребарате решение во [на Канотикс], или консултирајте се со членовите на Лугола.

Ќе се отвори работна околина како на сликата:

Инсталации:kanotix first.png?400x200

Долу лево во ќошот, втората икона (со рипката), е мени со можности за конфигурирање на системот. Повеќето од можностите на менито не ви требаат сега. Сега ви треба само Kanotix Installer. Најбитно, пред се, и строго препорачано е да имате веќе креирана партиција на која ќе инсталирате Канотикс. Сите постапки од тука натаму не се на наша одговорност. Ако изгубите податоци, не превземаме вина. Препорачани можности за креирање партиции се:

 * првото цд (или двд-то) од Мандрива Линукс;
 * Partition Magic - за Виндоус;
 * Qt Parted - доаѓа со инсталерот на Канотикс но не е многу ефикасна и безбедна алатка;
 * Gparted - доаѓа на живо Убунту или Гном CD;

За тоа како да креирате Партиции за Линукс систем ќе објавиме дополнителна содржина за скоро.

Препорачливо е да креирате reiserfs партиција. Следете го „Волшебникот“ (Wizard-от), кој лесно ќе ве доведе до крајниот чекор на инсталацијата. Изберете да се инсталира GRUB на MBR (Master Boot Record). GRUB е покренувач (booter) на системот кој ќе ви даде можност да изберете кој систем сакате да го активирате (ако имате повеќе од 1). **Важно**: При одредувањето на корисници и лозинки ставете лозинки за root и за обичниот корисник подолги од 6 карактери, и по можност комбинација од алфа-нумерички знаци (букви+бројки). Следете го процесот на инсталација. Ова е краток процес, на солидна конфигурација ќе заврши за нешто помалку од 15 минути.

Доколку при инсталацијата се појават пораки за грешка обидете се да го следите предложеното решение (прикажано во пораката), побарајте решение на Викито на Канотикс или обратете се до нас, во спротивен случај (ако нема грешки) рестартирајте го компјутерот. Ако сте направиле претходно измени во BIOS-от, повратете ги на стандардните вредности, системот треба да се активира од дискот. GRUB ќе ве праша што да активира. За Канотикс изберете го првиот или вториот елемент од менито.

Системот ќе се активира, сосема идентичен на изглед како и од Живата Дистрибуција, но далеку побрзо бидејќи сите операции не се одвиваат во РАМ и преку меморијата.

Првични подесувања на Канотикс Линукс

Што најпрво правам јас откако ќе го инсталирам Канотикс на мојот компјутер? Следните неколку работи.

Функционална работна околина

Единечниот клик на глувчето може да нервира некои корисници, речиси сите се навикнати на двоен клик, па затоа тоа ќе го вратиме во можност за активирање на апликациите и кликање врз иконите со двоен клик. Кликнете врз КМени-то (некои сакаат упорно тоа да го нарекуваат „Старт“ како во Windows). Изберете „**Control Center**“. Одете во **Peripherals** па во **Mouse**. Во секцијата **Icons**, чекирајте го **Double-click to open files and folders**. Кликнете Apply. Готово