За заедницата: Разлика помеѓу преработките
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето |
|
(Не се прикажани 3 меѓувремени преработки од истиот корисник) | |
(нема разлика)
|
Преработка од 17:36, 25 јуни 2007
Правила за заедничарење
- Заедницата е на сите кои се чувствуваат како дел од неа и некако придонесуваат за остварување на идејата која сите ги води. Никогаш немој да си замислуваш дека ти имаш повеќе право на заедницата од некој друг.
- Никогаш не смееш да морализираш како ти за нешто правиш повеќе, а некој друг не го прави истото. Ти си одбрал тоа да го правиш и треба да си достоен на својот избор, ако некој не го избрал истото, тоа е негово право.
- Никогаш не смееш да се претставуваш како повистински дел од заедницата според твои сопствени критериуми, кои повеќе го вреднуваат она што ти го правиш.
- Не си ти тој што треба да каже дали некој е достоен или не да се нарече дел од заедницата. Ова не е религија и ти не си поп за да анатемисуваш. Во заедницата нема поголеми и помали членови.
- Никогаш немој да велиш дека нешто го правиш од љубов, а потоа да бараш одобрување и благодарност од другите. Ако го правиш од љубов, благодарност и глорификација нема да ти се потребни, а со тоа автоматски и ќе ги добиеш.