Инсталација на Kubuntu: Разлика помеѓу преработките
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 61: | Ред 61: | ||
About Kubuntu - преку кое можете да научите повеќе за [[Kubuntu]] | About Kubuntu - преку кое можете да научите повеќе за [[Kubuntu]] | ||
Install - со кое ќе го инсталирате [[Kubuntu]] на вашиот хард диск | Install - со кое ќе го инсталирате [[Kubuntu]] на вашиот хард диск | ||
== Поставување на интернет конекција == | |||
* ADSL | |||
* Cable | |||
== Инсталација == | == Инсталација == | ||
Кликнете на Install иконата и ќе се појави волшебникот за инсталација | Кликнете на Install иконата и ќе се појави волшебникот за инсталација, кој се состои од 6 чекори за инсталација. | ||
1 Чекор. Одбирање на јазикот за инсталација и користење на [[Kubuntu]] , тука можете да го одберете и македонскиот јазик, бидејќи [[Kubuntu]] е преведен на македонски. | |||
2 Чекор. Тука ја одбирате вашата локација. | |||
3 Чекор. Тука го избирате распоредот на тастатурата, распоредот треба да биде US English доколку имате стандардна тастатура. | |||
4 Чекор. |
Преработка од 16:52, 6 март 2008
Kubuntu е официјален дериват на оперативниот систем Ubuntu, кој користи KDE како работна околина, наместо GNOME. Kubuntu е дел од проектот Ubuntu и има иста основа како и него. И двата системи може да бидат инсталирани на една Ubuntu основа заедно, со инсталирање на метапакетите ubuntu-desktop или kubuntu-desktop, соодветно. Секој пакет кој е достапен за Ubuntu го има и за Kubuntu.
Проектот Kubuntu има за цел да биде за KDE тоа што Ubuntu е за GNOME: прекрасно интегрирана дистрибуција со сите добри можности на Ubuntu, базирана на KDE работната околина. Kubuntu излегува редовно според предвидените планови, нова верзија излегува за секоја нова верзија на KDE.
Kubuntu значи кон чувештвото на јазикот Бемба, и бесплатен на јазикот Кирунди. Kubuntu се изговара Кубунту.
Набавка
Kubuntu можете да го набавите на повеќе начини.
- Да го симнете од [1], верзијата 7.10 е последната стабилна верзија на Kubuntu, додека 6.06.1 LTS е верзијата со 5 години подршка наменета за користење за места каде што стабилноста е поважна од новите опции кои доаѓаат со секоја нова верзија. Доколку ќе го користите Kubuntu на места каде што е критично да имате најстабилен софтвер и не ви е потребен најнов софтвер тогаш набавете ја 6.06.1 LTS, а за добиете најнов стабилен софтвер набавете ја верзијата 7.10. Доколку сакате повеќе пакети при инсталација, или немате интернет конекција на компјутерот на кој ќе
инсталирате, тогаш набавете си ја DVD верзијата, во која што има повеќе пакети достапни при инсталација. Доколку сте во можност симнете го Kubuntu преку торент
- Нарачајте го од https://shipit.kubuntu.org/, пополнете го формуларот и за неколку десетина дена ќе ви стигне медиум со логото на [[Kubuntu] подготвен за инсталација, за оваа опција ќе почекате, но нема да се мачите со симнување и режење на медиумот.
- Најдете ја од некој познаник или пак контатирајте со Lugola/2s.mk Дистрибуции со кои располага Лугола
- Купете ја од [2]
- Или пак од Ubuntu или Xubuntu во Synaptic најдете го пакетот kubuntu-desktop и инсталирајте го.
Режење
Откако ја симнавте iso датотеката ќе треба да ја изрежете на диск. Доколку го набавивте дискот скокнете го овој процес. За оваа цел може да се користат многу програми, но тука ќе ја опфатиме програмата Infraencoder [3] . Инсталирајте ја програмата, ставете празен диск во уредот. Одберете Cancel кога ќе ви се појави autorun дијалогот. Отворете ја програмата. одете Actions па Burn Image, одберете ја iso датотеката и кликнете Open. Во дијалогот што ќе ви се појави кликнете OK. Почекајте да заврши режењето и ќе имате бутабилен Kubuntu диск.
Поставувања на Bios
BIOS е чип вграден во матичната плоча. Во него се меморирани програми за контрола на работата на влезно-излезните функции на компјутерот, како што се комуникацијата со хард дискот, печатачот, RAM меморијата, мониторот и сл. При вклучување на компјутерот, контролата прво ја презема BIOS-от. Тој ги иницира основните хардверски делови и го подигнува оперативниот систем. Со една од функциите на BIOS се дефинира од кој уред ќе се подигне компјутерот. Дали тоа ќе биде дискетна единица, тврд диск, CD-ROM или некој друг уред. Современите дистибуции на GNU/Linux најчесто се испорачуваат на CD. Затоа во BIOS треба да се дефинира дека подигнувањето на оперативниот систем треба да биде преку CD-ROM. Постојат повеќе видови BIOS, а за да се изврши промената, веднаш по вклучувањето на компјутерот треба да се притисне копчето „Del“. За некои видови BIOS, наместо копчето „Del“, треба да се притисне некое од копчињата „F2“, „F10“, или „Esc“. За правилно инсталирање на GNU/Linux, во BIOS треба да се исклучи опцијата за автоматско иницирање на хардверските делови, наречена „вклучи и работи“ (plug and play). Со тоа се овозможува, наместо BIOS, GNU/Linux да ги иницира уредите поврзани на компјутерскиот систем. Во различни видови BIOS, оваа опција е наречена PNP OS installed, или Plug'n'Play OS installed.
Одбирање на опција од менито
При подигање на бутабилниот диск ќе ви се појави мени со 7 ставки, тајмер и хоризонтално мени со 6 ставки. За да го инсталирате Kubuntu на диск само стиснете ентер за да ја одберете првата опција или пак почекајте тајмерот да заврши. Потоа почекајте да се подигне системот (шо ќе оди малку споро бидејќи се подига од диск.)
Работната околина
Откако ќе почекате да се подигне системот ќе ве пречека модифицираната KDE работна околина, која се состои од панел, икони и работна површина на која се наоѓа позадината.
Панелот е местото каде што се наоѓа менито, системската лента, часовникот и уште неколку аплети. Од лево кон десно тоа се.
- K menu - Ова е менито преку кое можете да извршувате апликации, ракувате со сесии и да го рестартирате или исклучите компјутерот. тука лесно ќе се снајдете бидејќи апликациите се поделени во категории.
- System menu - преку ова мени ќе пристапите кон Home Folder ( местото каде што ќе ги чувате вашите податоци), Storage Media ( од каде што лесно ќе пристапите кон партициите на хард дискот, дисковите или усб мемориските уреди што ги имате на компјутерот, Remote Places ( папките монтирани преку мрежа) и Users Folders ( папките на другите корисници).
- Show Desktop, со кликање на ова копче ќе можете да ги спуштите или дигнете прозорците.
- Quick Launcher, преку кое ќе можете да стартувате апликации.
- Taskbar, листата на прозорци.
- Pager, кој обезбедува 2 виртуелни работни површини за полесна организација на работата.
- System Tray, системска лента за апликациите кои работат во позадина
- Clock - Часовник
- Trash - Корпа за ѓубре
Можете да додавате и други аплети со десен клик на панелот, кликање на Unlock panel и потоа десен клик, Add Applet to Panel.
На работната површина има две икони. About Kubuntu - преку кое можете да научите повеќе за Kubuntu Install - со кое ќе го инсталирате Kubuntu на вашиот хард диск
Поставување на интернет конекција
- ADSL
- Cable
Инсталација
Кликнете на Install иконата и ќе се појави волшебникот за инсталација, кој се состои од 6 чекори за инсталација.
1 Чекор. Одбирање на јазикот за инсталација и користење на Kubuntu , тука можете да го одберете и македонскиот јазик, бидејќи Kubuntu е преведен на македонски.
2 Чекор. Тука ја одбирате вашата локација.
3 Чекор. Тука го избирате распоредот на тастатурата, распоредот треба да биде US English доколку имате стандардна тастатура.
4 Чекор.