Ubuntu

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Ubuntu Dapper 6.06

Ubuntu е проект кој е започнат и помаган од Canonical Ltd. На основа на овој проект, денес излегуваат многу други проекти како што се Kubuntu, Xubuntu и Edubuntu.

Исто така Ubuntu е GNU/Linux дистрибуција базирана на Debian. Проектот е спонзориран исто така од Canonical Ltd. Првата стабилна верзија беше издадена во октомври 2004. Од тогаш па натаму Ubuntu стана една од најупотребуваните GNU/Linux дистрибуции.

Дистрибуцијата доаѓа во жива(live) или инсталациона верзија. Може бесплатно да се симне или да се нарачаат бесплатни ЦД-ња од страната за нарачка. Ubuntu е слободна и бесплатна дистрибуција и содржи само слободен софтвер, а поддршката за Ubuntu може да биде комерцијална или да се добие од заедницата. Стандардна работа околина на Ubuntu е GNOME. Постојат повеќе подпроекти на Ubuntu, кои нудат различни сетови на програми, различни работни околини и слично. Најпопуларни се:

  • Kubuntu - верзија на Ubuntu која користи KDE работна околина,
  • Xubuntu - верзија на Ubuntu која користи XFCE, кој пак е препорачлив за машини со послаби перформанси и за оние кои сакаат едноставност.
  • Edubuntu - верзија на Ubuntu наменета за училиштата. Оваа верзија на Ubuntu доаѓа со сет на програми соодветни за образовнието.

Име

Името Ubuntu потекнува од африканскиот збор „Ubuntu“ кој во превод значи “Човечност кон другите“. Друг превод би бил „верување во универзална врска на споделување што го поврзува човештвото“.

Logo ubuntu.png

Верзии

Досега се издадени 13 стабилни верзии на Ubuntu:

  • 10.10 - Maverick Meerkat (Април 2, 2010).
  • 10.04 - Lucid Lynx (Април 29, 2010).
  • 9.10 - Karmic Koala (Октомври 29, 2009).
  • 9.04 - Jaunty Jackalope (Април 23, 2009).
  • 8.10 - Intrepid Ibex (Октомври 30, 2008).
  • 8.04 - Hardy Heron LTS (Април 24, 2008).
  • 7.10 - Gutsy Gibbon (Октомври 18, 2007).
  • 7.04 - Feisty Fawn (Април 19, 2007).
  • 6.10 - Edgy Eft (Октомври 26, 2006).
  • 6.06 LTS - Dapper Drake(Јуни 1, 2006).
  • 5.10 - Breezy Badger (Октомври 13, 2005).
  • 5.04 - Hoary Hedgehog (Април 8, 2005).
  • 4.10 - Warty Warthog (Октомври 20, 2004).


Нова верзија на Ubuntu обично излегува на секои 6 месеци. Исклучок е Dapper Drake 6.06 LTS (Long term support) кој што беше одложен неколку месеци и кој што ќе нуди зголемен период на поддршка, 3 години за верзијата за работни станици и 5 години за верзијата за сервери.

За именувањето на Ubuntu, може да ја проверите оваа содржина.

Дистрибуции базирани на Ubuntu

Kubuntu - Официјална Ubuntu дистрибуција која што има KDE работна околина наместо стандардниот GNOME.

Edubuntu - Официјална Ubuntu дистрибуција, наменета за едукација.

Xubuntu - Официјална Ubuntu дистрибуција која што користи Xfce работна околина, наменета за послаби конфигурации, но ја користат и корисници со појаки конфигурации.

Goobuntu - Ubuntu верзија направени за потребите на Google, оваа верзија не е издадена за користење надвор од канцелариите на google.

gNewSense - Дистрибуција наменета за корисници кои што сакаат да користат само слободен софтвер.

gOS - Едноставна дистрибуција која што содржи многу web базиран софтвер.

Kanotix - Оригинално Kanotix е Debian базирана дистрибуција, но го користи Ubuntu кернелот со некои patch-ови.

mythbuntu - Ubuntu i mythTV базирана дистрибуција, лесна за конфигурирање, администрирање и користење.

OpenGEU - Дистрибуција која што го има E17 за работна околина помешана со делови од GNOME и главно наменета за лица кои што сакаат да имаат едноставна, убава а воедно и функционална работна околина.


Следно: Ubuntu - инсталација

Поврзано: Водич за Ubuntu Dapper (drake)

Врски

Официјална страна

Ubuntu форуми

Викито на Ubuntu