Edubuntu

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Edubuntu е член на фамилијата на Ubuntu, што кажува дека е GNU/Linux дистрибуција создадена со цел користење во образовните процеси.

Edubuntu се развива во соработка со професори и програмери од целиот свет. Изграден е врз основата на Ubuntu имплементирајќи ја архитектурата на LTSP (Linux Terminal Server Project) за тенки клиенти, како и многу образовни апликации кои како целна група ја имаат популацијата од 6-18 години.

Можности

Со Edubuntu доаѓа поддршка за LTSP, голем број апликации како GCompris, образовниот пакет на KDE (KDE-Edu) како и Schooltool календарот. Првата верзија на Edubuntu случајно излезе со верзијата 5.1 на Ubuntu.

Стандардна работна околина во Edubuntu е GNOME, но многу лесно можете да ја инсталирате и KDE.

Цели на проектот

Главната цел на проектот е да им се овозможи на образовните работници од светот кои немаат големо познавање од областа на информатиката, лесно конфигурирање и користење на компјутер за образовните процеси во кои се вклучени.

Принципот по кој се гради Edubuntu е централизирано конфигурирање (администрација од едно место) на корисници, процеси како и можностите за споделување на ресурси во училница. Исто толку важно, како дел од проектот, е собирање на слободна документација и слободен софтвер кој може дополнително да се инсталира на системот.

Врски