Лугархија: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ред 31: Ред 31:
=== октомври ===
=== октомври ===


Бројот во месец октомври треба да опфати генерално теми за запознавање на заедницата со новиот начин на функционирање на Лугола, со самиот магазин и идејата зад него, како и со дел од заденицата, конкретно активистите кои сега стојат зад Лугола.
Бројот во месец октомври опфати генерално теми за запознавање на заедницата со новиот начин на функционирање на Лугола, со самиот магазин и идејата зад него, како и со дел од заденицата, конкретно активистите кои сега стојат зад Лугола. Исто така промовиравме неколку упатства и кратки прегледи на одреден софтвер.


Објавени теми во октомврискиот број:
[Слика:LugarhijaOct.png]


# Лугола 2.0, што е 2.0 ? (автор: А.Балаловски) [напишанo]
[Преземи, октомври 2008|http://ezine.lugola.net/izdanija/lugarhija10.2008.pdf]
# Лугархија, дигиталната анархија, нов тип на револуција (автор: А.Балаловски) [напишанo]
# [[Упатство:Aircrack-ng | Упатство: Aircrack]] (автор: П. Јоноски) [напишанo]
# Запознај го хакерот: онлајн идентитети? (автор: А.Балаловски)
# Едубунту во училиштата? Како и само како може проектот да успее! (некој? Виктор?)
# Кој по ѓаволите ме декларира како криминалец? (автор: А.Балаловски) [пак во врска со термините хакер, кракер]


[[Категорија:Лугола]]
[[Категорија:Лугола]]
[[Категорија:Лугархија]]
[[Категорија:Лугархија]]

Преработка од 21:56, 18 октомври 2008

Официјално лого на магазинот

Лугархија претставува месечниот eZine кој од месец октомври 2008г. треба да започне со редовно издавање.

На „Лугархија“ може да се гледа како на магазин во кој ќе бидат разгледувани тематики околу слободниот софтвер, развој на софтвер, активизам и идеологија. Во обид да се рашири зборот за него, ќе биде печатен ограничен број примероци од секое издание кој најверојатно ќе биде разделен по средните школи во Битола, а по потреба и во други градови низ Македонија.

Зинот има за цел да Ве информира и едуцира, од два аспекти. За тоа што се случува во светот на слободниот софтвер, како да реализирате конкретни задачи (Упатства), и за активностите на Лугола. Исто така една од најглавните идеи е преку овој е-магазин да ги мотивираме младите потенцијални хакери од нашето поднебје да се придружат на движењето за слободен софтвер, каде што со веќе активните членови ќе можат да разменуваат мислења идеи и да добиваат помош за најразлични тематики. Со оглед на тоа што фанзинот ќе биде само-спонзорирана идеја, ќе гледаме да заштедиме колку што е можно повеќе на печатење и време, значи не очекувајте којзнае колку голем квалитет на дизајнот и печатената верзија.

Како да пишувате

Се обидуваме да бидеме што поинформативни. Пишувајте содржини кои сакате да ги читаат другите. Секако од областа на слободниот софтвер и слободната и хакерска култура, IT совети, упатства и колумни кои сакате да бидат ослободени од секторите на Вашиот диск. Така се обидуваме да не поставуваме правила за пишување, иако Ве советуваме да ги следите следните совети за поквалитетни содржини кои би сакале да се објават во магазинот:

  • пишувајте на кирилично писмо (не фонт, системска кирилична поддршка);
  • пишувајте за слободен софтвер, хакирање, слободна култура. Од тие области: упатства, совети, колумни и сл.
  • пишувајте во Plain text формат. Сликите ставајте ги во подфолдерот каде што е текстуалната датотека (не испраќајте содржини во канцелариски формати како што е ОДФ;
  • сметајте содржината да има над 600 збора. Но да не е и премногу; ако имате предолга содржина искористете го Викито;

За сите објавени содржини Лугола не плаќа хонорар. Секоја содржина ќе биде објавена под GNU /Free documentation license/ Лиценца за слободна документација. Зад сите мислења објавени во магазинот стои исклучиво авторот на текстот, тоа е негово мислење кое не мора да се поклопува со мислењето на останатите автори.

Ако имате текст испратете го на „info на lugola.net“ и ќе биде разгледан. забелешка: со оглед на тоа што се согласувате текстот да биде објавен под GNU FDL, како таков имаме право да го адаптираме во согласност со идејата на магазинот, секако не менувајќи ја суштината на напишаното.

Мотото, зошто анархија?

Како име за магазинот Лугола се договори да биде Лугархија, комбинација од Лугола и Архија („Владеење на Лугола“ или „Лугола владее“ во буквален превод) -- αρχία - владател. Зошто мотото на зинот е „дигитална анархија?“ Така испадна сосема случајно, никој од нас немаше идеја да воведува анархија како политички правец во движењето за слободен софтвер. Сепак, се дистанцираме од класификацијата на анархијата како безредие. Тоа може да е навредливо за лицата кои по политичката определба се чувствуваат како анархисти. Да се каже дека анархијата е безредие, па и да се каже „што ќе ни е безредие во слободниот софтвер“ е знак на незнаење.

Затоа, мотото зад зинот сфатете го како што Вам ви одговара. Ние Ви ги појаснавме термините и изведувањето на името.

Теми

октомври

Бројот во месец октомври опфати генерално теми за запознавање на заедницата со новиот начин на функционирање на Лугола, со самиот магазин и идејата зад него, како и со дел од заденицата, конкретно активистите кои сега стојат зад Лугола. Исто така промовиравме неколку упатства и кратки прегледи на одреден софтвер.

[Слика:LugarhijaOct.png]

[Преземи, октомври 2008|http://ezine.lugola.net/izdanija/lugarhija10.2008.pdf]