Митови за ОДФ: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
(Допреведено)
с (7 ревизии: initial)
 
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 3: Ред 3:

== Мит бр. 1 – Со одбирање на ОДФ се решава помеѓу компаниите и технологијата како помеѓу победници и губитници ==
== Мит бр. 1 – Со одбирање на ОДФ се решава помеѓу компаниите и технологијата како помеѓу победници и губитници ==

Реалност – Одлуката да се оди кон ОДФ всушност претставува победа на граѓаните и владите. ОДФ обезбедува слобода да се дејствува, избор, флексибилност и сигурност. Тоа е Ваш документ, можете да правите со податоците што сакате, сега и засекогаш. Вие победивте.

== Мит бр. 2 – Со одбирање на ОДФ се ограничува изборот и ги исклучува производителите на софтвер. ==
== Мит бр. 2 – Со одбирање на ОДФ се ограничува изборот и ги исклучува производителите на софтвер. ==
Ред 47: Ред 45:

Реалност – Оваа претпоставка не може да биде подалеку од вистината. Отворениот, колаборативен процес за менаџирање на ОДФ го осигурува следењето на промените. Економиката на една отворена и слободно достапна спецификација значи дека сите заинтересирани комерцијални и некомерцијални ентитети може да донесат вистински иновативни функционалности на пазарот и понатаму да се стремат кон можностите за заработка на вертикалните пазари. Овој широк потенцијал за иновација на ниво на продукти, комбиниран со отворениот процес за развој на спецификацијата креира можности за заеднички иновации во самата спецификација. Со тоа и ОДФ понатаму ќе еволуира.

[[Категорија:Отворени формати]]

Последна преработка од 17:35, 29 јануари 2011

Демистифицирање на Отворениот формат за документи (ОДФ)

Мит бр. 1 – Со одбирање на ОДФ се решава помеѓу компаниите и технологијата како помеѓу победници и губитници

Реалност – Одлуката да се оди кон ОДФ всушност претставува победа на граѓаните и владите. ОДФ обезбедува слобода да се дејствува, избор, флексибилност и сигурност. Тоа е Ваш документ, можете да правите со податоците што сакате, сега и засекогаш. Вие победивте.

Мит бр. 2 – Со одбирање на ОДФ се ограничува изборот и ги исклучува производителите на софтвер.

Реалност – ОДФ претставува единствена алтернатива со што се зголемува изборот и се оневозможува заклучување само со еден производител. Целосно објавен и слободно достапен за секој да може да го имплементира, ОДФ ја зголемува конкуренцијата. Секоја компанија, ако посака, може да го стори тоа многу лесно. Развиен e од OASIS (во чиј одбор се наоѓаат IBM, Microsoft, Sun и други), во еден отворен, инклузивен и транспарентен процес. Одобрен е од меѓународната организација за стандарди ИСО. ОДФ нема никакви ограничувања што ја оневозможуваат неговата примена во кој било софтвер, без разлика дали се работи за навистина уникатен код, производ на некоја софтверска компанија или софтвер со отворен код.

Мит бр. 3 – Миграцијата кон ОДФ претставува предизвик од техничка гледна точка

Реалност – Нема ништо посебно во врска со ОДФ што би го направило технички предизвик за да се имплементира. Преоѓањето кон било кој нов производ или миграција кон надградбата на некој производ може да претставува технички подвиг, но пред сѐ во обучувањето на корисниците. На пример, компанијата за истражување Gartner објави дека „Office 12“, што е името на наредната верзија на Microsoft Office(која ќе користи нов сопственички формат на Microsoft базиран врз XML), „значително ќе се разликува од нејзината тековна форма“ (извештајот е објавен пред излегувањето на новата верзија Microsoft Office 2007). Извештајот заклучува дека миграцијата може да биде посложена за некои корисници и за ИТ-одделите што ги поддржуваат. Префрлањето на ОДФ има иста техничка комплексност, можеби и помала, како и предизвици во делот на обуката и компатибилноста.

Мит бр. 4 – Миграцијата кон ОДФ е скапа

Реалност – Како и при секоја конверзија, ќе постојат иницијални трошоци поврзани со миграцијата. Но многу е веројатно дека миграцијата кон продукт базиран врз ОДФ ќе биде доста поефтина од алтернативите, гледано долгорочно, бидејќи купувачите ќе имаат избор од многу повеќе конкурентни апликации и поголема слобода за дејствување при нивната употреба на технологиите.

Мит бр. 5 – ОДФ е нова и непотврдена спецификација

Реалност – Базиран врз технологија што постои уште од 1972, ОДФ е многу добро докажан и доверлив и покажува стабилен развој на пазарот. Тековната спецификација продолжува да еволвира, поддржана од широка заедница на заинтересирани страни, дискутирана во отворен форум. Поранешните верзии на оваа XML-базирана спецификација се во употреба со години во разни продукти и проекти со слободен софтвер. Форматот „Office Open“, базиран врз XML, што се предлага од Microsoft не е доволно разбирлив ниту е достапен во кој било комерцијален производ. Изгледа дека ќе биде достапен само во производот „Office 12“ од една компанија.

Мит бр. 6 – Граѓаните нема да можат да пристапат до владини документи правени во ОДФ

Реалност – Денес, секој може слободно да го симне ОпенОфис и да чита, креира, менува и зачувува документи во ОДФ. Во моментот IBM, Sun, Novell, Red Hat, Koffice, Abiword и други нудат готови апликации на пазарот или се во фаза на развој. Уште повеќе, ставот што го заземаат Комонвелтот на Масачусетс и другите влади околу светот во врска со ова прашање е дека треба да се промовираат развојните инвестиции од страна на произведувачите. Така, граѓаните ќе имаат повеќе робусни, флексибилни и интероперабилни алтернативи од кои ќе можат да избираат.

Мит бр. 7 – Масачусетс е сам во неговата поддршка за ОДФ

Реалност – Иако е вистина дека Масачутсетс има водечка позиција во прифаќањето на политиката за заштитување на суверената контрола врз државните документи, гледано долгорочно, потребата за отворени формати на документи е многу разбирлива и е дискутирана долги години и од страна на јавните администрации и од страна на бизнисите. Владините оддели во Франција, Германија и Тајланд веќе го користат ОДФ или планираат мигрирање кон ОДФ во блиска иднина. Други држави, како што е Норвешка, имаат декларирано обемни политики за отвореност што го инкорпорираат ОДФ и што се во план за имплементација во наредните години. Исто така, компании како што е ИБМ го имплементираат ОДФ за нивните интерни потреби.

Мит бр. 8 – ОДФ е ризик за безбедноста

Реалност – Нема ништо посебно во врска со ОДФ што го прави повеќе или помалку подложен на безбедносни ризици, манипулација на код и пристап до содржината, отколку кој било друг формат. Безбедноста е императив и треба да се реализира преку решенија за политики за споделување на информациите независно од форматот на документот. Безбедносните изложувања предизвикани од програмски екстензии, како што се макроата во visual basic што може да се вградат во документите на Microsoft Office, се добро познати. Многуте инжинери што работат на унапредување на спецификацијата на ОДФ исто така развиваат и разни техники со цел избегнување на ризиците од безбедносни изложувања што може да се јават.

Мит бр. 9 – ОДФ ја спречува иновацијата и не може да држи чекор со напредокот на технологијата