Правила за локализација: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (4 ревизии: initial)
 
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од еден друг корисник)
Ред 22: Ред 22:


[[Категорија:Локализација]]
[[Категорија:Локализација]]
[[Категорија:L10n]]

Последна преработка од 17:36, 29 јануари 2011

Со неколку правила за локализација кога преведувате софтвер или некоја содржина за слободен софтвер, Ви даваме практичен совет за попродуктивно локализирање:

  1. Читајте ги, разгледувајте ги и користете ги постоечките преводи за да се запознаете со стилот на преводите и за да можете да пријавите грешки ако ги има.
  2. Имињата на програмите остануваат во оригинал. Пример: Abiword документ, OpenOffice.org.
  3. Кратенките остануваат во оригинал. Примери: HTTP, RAM, ROM, CPU, HTTPS, FTP...
  4. Секогаш почитувајте го речникот и правописот!
  5. Секогаш користете ги нашите наводници „“, а не “, ', “ и слично.
  6. После секој интерпункциски знак, секогаш има едно празно место!
  7. Стринговите кои се со повеќе зборови се преведуваат само со прва голема буква. Пример: „Close All Documents“ ќе биде „Затвори ги сите документи“.
  8. Секогаш користете ги македонските „ѝ“ и „ѐ“, каде што е тоа потребно.
  9. Не голтајте букви!
  10. Компјутерот ви персира, вие му наредувате (императив)! Примери: Сигурно сакате да го снимите документот во овој формат? Да, сними го документот.
  11. Трудете се синтаксата на преведените реченици секогаш да биде иста како на оригиналните реченици, посебно ако оригиналните реченици се во пасив.
  12. Првата линија на секое мени е во облик на глаголска именка: Уредување, Форматирање. Наредбите кои од менијата му се даваат на компјутерот се во императив (заповеден начин).
  13. Насловите на прозорците исто така се во облик на глаголска именка, се разбира онаму каде е тоа потребно. Пример: насловот на прозорецот за пребарување ќе биде „Пребарување“ а не „Пребарувај“.
  14. Трудете се буквите кои се однесуваат на кратенките (access keys - ALT + bukva) да бидат исти како во оригиналот. Ако тоа не е можно, тогаш задолжително избегнувајте наши букви, како Ш, Ќ, Ѓ.
  15. Секогаш ажурирајте ја базата со преводи (Translation Database), со датотеки кои се целосно преведени.
  16. Пред секое преведување пуштете го KBabel да направи грубо преведување (Rough Translation)!
  17. Користете го тоа што го преведувате.
  18. Не преведувајте нa тепка (од ракав). Ако не знаете на што се однесува некој стринг, пуштете ја програмата што ја преведувате и видете за што се работи. Ако повторно не знаете, оставете го непреведен.
  19. Не брзајте при преведувањето!