Упатство:Надоградба на Debian GNU/Linux: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
с (3 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:40, 29 јануари 2011

Една од основните цели на Debian е да обезбеди елегантен, сигурен и доверлив процес за надградба. Системот за контрола на пакети го известува администраторот за важни промени и прашува да даде негови наредби. Карактеристични апликации за надградба на Debian системот: dpkg, APT, dselect и synaptic.

dpkg

Ова е главната програма за манипулирање со пакети. dpkg доаѓа со неколку помошни програми:

  • dpkg-deb: за манипулирање со .deb датотеки
  • dpkg-ftp: стара команда за превземање датотеки
  • dpkg-mountable: стара команда за превземање датотеки
  • dpkg-split: Дели голем пакет на неколку мали датотеки
  • dpkg-ftp и dpkg-mountable се заменети со apt системот.

APT

APT (Advanced Packaging Tool) е напреден интерфејс за Debian пакети составен од неколку програми чии имиња обично почнуваат со „apt-“. apt-get, apt-cache и apt-cdrom се алатки за командната линија за управување со пакети.

Користење на apt

Собирање на сите пакети од сервер, за да се направи комплетна листа на постоечки:

# apt-get update	

Со ова, подоцна да ги разгледувате сите пакети и да инсталирате од нив.

Инсталирање на пакет

# apt-get install ime_na_paket

Со ова, се симнува пакетот од интернет, се зачувува локално и се инсталира. Значи, за инсталација е доволна само оваа команда.

Преинсталирање на пакет

# apt-get --reinstall ime_na_paket

Бришење на пакет

# apt-get remove ime_na_paket

Кога се инсталира или брише одреден пакет, тој ги бара своите зависности. Тоа се дополнителни пакети кои мора да ги има, за самиот да работи. Ако има потреба од нивно инсталирање, ќе бидете прашани дали сакате тоа да се направи:

 Do you want to continue? [Y/n]. 

Надградба на пакети

#apt-get -u upgrade

Пожелно е пред оваа команда да внесете apt-get update, за да се добиат информации за изменетите пакети на серверот.

Надградба до нова верзија на дистрибуцијата

# apt-get -u dist-upgrade

Бришење непотребни (некористени) пакети

# apt-get clean
# apt-get autoclean

Пребарување низ пакетите

# apt-cache search karakteristicen_zbor

Ова ќе ја даде листата каде што karakteristicen_zbor се среќава. Помага доколку не го знаеме точното име на програмата или пакетот што сакаме да го инсталираме. Пр.

  1. apt-cache burning dvd ја дава листата:

nautilus-cd-burner - CD Burning front-end for Nautilus gnomebaker - application for CD/DVD creation in the GNOME desktop k3b - A sophisticated KDE CD burning application brasero - CD/DVD burning application for GNOME bonfire - CD/DVD burning application for GNOME (dummy package) dvdbackup - tool to rip DVD's from the command line backup-manager - command-line backup tool

Додавање на cd со додатни програми

# apt-cdrom add

Пр.

# apt-cdrom -d /home/kov/mycdrom add

dselect

Dselect е мени-базирана програма за управување со пакети за Debian. Често се користи за инсталација на големи надградби.

Synaptic

Наместо Apt и dselect може да се користи апликацијата Synaptic Package Manager. Се пушта со избирање од менито, пр. за GNOME: Desktop->Administration->Synaptic Package Manager или внесување во конзола: sudo synaptic. Бара администраторски пристап, затоа што врши промени на самиот систем. Во него, прво се прави проверка за локациите од кои ќе се вршат надградбите. Settings->Repositories дава листа на овие локации. Покрај инсталациониот диск, овде може да додадете Интернет локација од која може да се надградува. Откако ќе додадете, мора да се избере Reload, за да се направи листа на сите програми кои ги има на избраните локации. Од левата страна се подредени по категории, а во средината се дадени сите пакети со објаснување за нив. После избирањето на потребните пакети, кликнете Apply за да се симнат на компјутерот и да се инсталираат. Исто и овде имате можност за пребарување по карактеристичен збор или зборови.