APT

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

APT или Advanced Packaging Tool претставува систем за справување со пакети имплементиран во оперативниот систем Debian Linux. Со оваа алатка се поедноставува процесот за инсталација и конфигурирање на софтвер за Unix-оидни платформи, како и процесот на разрешување на зависности на одреден софтверски пакет. APT првенствено е изграден како интерфејс за dpkg, алатка за инсталација, конфигурирање и отстранување на Deb пакети.

Автоматизирани процеси за инсталирање, надоградување и отстранување на пакети, како и напредно решавање на зависности се прави со алатката apt-get.

Исто така постојат изменети верзии на APT за работа со Rpm пакети преку алатката apt-rpm, како и за некои други платформи како на пример Mac OS X.

Врски

Apt-get неофицијални магацини

Apt Howto