Хаклаб: Разлика помеѓу преработките
(→Што) |
(Ажурирано кон новата локација на Хаклаб КИКА :)) |
||
(Не се прикажани 7 меѓувремени преработки од 5 корисници) | |||
Ред 1: | Ред 1: | ||
== Што == | == Што == | ||
[[Податотека | [[Податотека:Kika-logo-white.jpg|thumb|400px|alt=Лого за КИКА хаклабот во Скопје| Лого направено од Гоце Митевски за хаклабот КИКА во Скопје]] | ||
Технолошка автономна зона, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи. | Технолошка автономна зона, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи. | ||
Ред 36: | Ред 36: | ||
== Каде == | == Каде == | ||
Улица | Улица „Коста Шахов“ бр. 7, стан 5 | ||
Мапа : https:// | Мапа : https://www.google.com/maps/place/Kika+Hacklab/@41.995888,21.4229607,17.99z/data=!4m5!3m4!1s0x0:0x4f23a320663c1429!8m2!3d41.9959045!4d21.4238311 | ||
== Лого == | |||
Види [[Хаклаб/Лого]] | |||
== Медиумите за хаклабот == | == Медиумите за хаклабот == | ||
Ред 44: | Ред 47: | ||
* [http://upload.mk/tema/item/488 Александар Лазаров Хаклаб КИКА ] 24.02.2011 | * [http://upload.mk/tema/item/488 Александар Лазаров Хаклаб КИКА ] 24.02.2011 | ||
* [http://http://list.mk/haklab-kika-otvoren-za-site Владан Поповиќ : Хаклабот #КИКА е отворен за сите] 28.12.2011 | * [http://http://list.mk/haklab-kika-otvoren-za-site Владан Поповиќ : Хаклабот #КИКА е отворен за сите] 28.12.2011 | ||
* [http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=427121343503&id=51&prilog=0&setIzdanie=22567 Од дружењето во хаклабот се раѓаат сериозни ИТ-проекти] датум? | |||
== Целна група == | == Целна група == |
Последна преработка од 13:29, 21 ноември 2022
Што
Технолошка автономна зона, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.
Ваквите технолошки автономни зони накратко познати како хаклаби или медиалаби го промовираат активното учество на граѓаните и ја поттикнуваат креативната употреба на технологијата, како одговор на отуѓувањето и пасивното конзумирање што најчесто се поистоветува со компјутерската технологија.
Лабораторијата ќе им овозможи на учесниците употреба на своето знаење во пријатна атмосфера, со слободен пристап до брз и неограничен интернет и шанса за стекнување нови знаења инспирирани од работата во помали групи на луѓе со исти или слични интереси во сферата на информатичката и комуникациската технологија.
Зошто
Отворање на првата технолошка автономна зона „Сподели“ со двата редовни настани „Сподели знаење“ и „Сподели кино“ има директна врска со подигањето на технолошката писменост и пристап до новите Интернет технологии преку размена на знаење и непосреден контакт со определени целни групи: студенти на технички науки, технолошките ентузијасти уметници и членови на креативните индустрии и воопшто оние кои ги интересираат крстосниците помеѓу технологијата, културата и општеството.
Лабораторијата ќе ги има следнива одредници како оска околу кое ќе гравитираат целите за нејзиното успешно функционирање
- Промовирање на современите иновативни дигитални и интернет технологии: Подигањето на знаењето за новите интернет технологии преку практична работа и решавање на непосредни конкретни проблеми со кои се судираат дел од учесниците на настаните (со тоа и целната група воопшто). Ова во голема мерка го дополнува формалното образование кај студентите, а делува и како општо надополнување на капацитетите кај сите учесници со што општеството има корист стекнувајќи се со кадри кои се технолошки писмени на повисоко ниво. Во рамките на практичната работа, меѓу другото, најчесто се работи на примена и решавање на проблеми користејќи слободен софтвер за веб апликации; видео и аудио продукција; мрежи; компјутерска сигурност; воведување на почетниците во основите на слободните оперативни системи и кориснички околини; размена на знаење и искуства за нови web2.0 сервиси и нивна примена во граѓанскиот активизам.
- Промоција на дебата за врската помеѓу технологијата и културата: Ја отвора дебатата за ефектите кои новите технологии ги имаат во развојот на општеството и воопшто општествената страна на технологијата денес. Ова ќе се прави преку „Сподели кино“ каде ќе проектираат предавања, документарни или играни филмови кои тематски се врзани за врските помеѓу технологијата и културата. Преку овие активности ќе се обидеме да иницираме и модерираме дебата за новите технологии, културата, слободата и авторските права во дигиталната ера.
- Промоција на култура на споделување во дигиталната ера: Сето ова резултира во креирање на заедница која е технолошки свесна во поширока смисла, познавајќи ги новите технологии во определена мерка на техничко ниво, но имајќи увид во тоа како тие влијаат и ја менуваат средината во која луѓето живеат. Тоа, во таа смисла овозможува таа заедница да биде иновативна и воедно способна да ги имплементира новите технологии за потребите на деловниот, јавниот или цивилниот сектор.
Како
Преку користење на слободен софтвер и четирите слободи кои се камен темелникот на ГНУ/Опшата јавна лиценца им даваат плодна почва на хакерите да работат на своите проекти. Користењето на слободниот софтвер е практичен и личен избор но и политичка изјава за тоа како треба да изгледа софтверската иднина и во која насока треба да го следиме и трасираме технолошкиот развој.
Со помош на слободниот софтвер можеме, лесно, брзо и со незначителни трошоци во однос на придобивките да ги решиме повеќето од проблемите со кои се соочуваат корисниците при извршување на своите активности.
Слободниот софтвер ни ја дава автономијата и слободата да менуваме, анализираме, преработуваме и споделуваме.
Други интернет страници за активностите на Хаклаб
Каде
Улица „Коста Шахов“ бр. 7, стан 5
Лого
Види Хаклаб/Лого
Медиумите за хаклабот
- Нова Македонија : Скопје го доби првиот хаклаб 17.10.2009
- Александар Лазаров Хаклаб КИКА 24.02.2011
- Владан Поповиќ : Хаклабот #КИКА е отворен за сите 28.12.2011
- Од дружењето во хаклабот се раѓаат сериозни ИТ-проекти датум?
Целна група
- Студенти и технолошки ентузијасти.
- Луѓе чиј интерес е културолошката страна на технологијата.
- Припадници на деловниот, јавниот и цивилниот сектор кои сакаат да применат слободен софтвер и иновативни технологии во својата работа.
TODO за хаклабот
Хаклаб/TODO - некои работи кои треба да се завршат за успешно функционален Хаклаб