Бонтон за ossm-members: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
 
(Не се прикажани 6 меѓувремени преработки од 5 корисници)
Ред 1: Ред 1:
[http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members Ossm-members] е поштенската листа на НВО „[[Слободен софтвер Македонија]]“.
[http://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members 2с.мк-пријатели] е поштенската листа на НВО „[[Слободен софтвер Македонија]]“ за комуникација со сите заинтересирани.

За да на сите нас дружењето на листава ни биде пријатно, за да читањето на пораките ни биде лесно, за да во пораките има што повеќе корисен и интересен текст и што помалку глупости, за да бидеш сигурен дека твојот текст ќе биде прочитан, а не набрзинка разгледан и прескокнат... не е лошо да се држиш до некои основни правила кои и онака спаѓаат во класичниот интернет бонтон. Еве ги овде. Ако си нов член ќе биде многу корисно да ги прочиташ, а и ако си веќе резидентен, нема да биде лошо да се потсетиш на нешто.
За да ни биде пријатно на сите нас дружењето на листава, за да ни биде лесно читањето на пораките, за да има што повеќе корисен и интересен текст во пораките и што помалку глупости, за да бидете сигурни дека Вашиот текст ќе биде прочитан, а не набрзинка разгледан и прескокнат... не е лошо да се држите до некои основни правила кои и онака спаѓаат во класичниот интернет-бонтон. Еве ги тука. Ако сте нов член или членка ќе биде многу корисно да ги прочитате, а и ако сте веќе резидентни, нема да биде лошо да се потсетите на нешто.

== Правила за однесување на листата ==
== Правила за однесување на листата ==

#Не е дозволено навредување на другите членови, користење на (претерано) вулгарни изрази... До сега немало вакви испади, се надеваме дека така и ќе остане.
#Не е дозволено навредување на другите членови, користење на (претерано?!) вулгарни изрази... До сега немало вакви испади, се надеваме дека така и ќе остане.
#Не е пожелно карање со другите, но тешко дека во светов постои листа на која никогаш немало некакви ситни караници. Воздржи се ако можеш, обиди се да ја одделиш расправата во посебен thread на пораки за да оние што не ги интересира да можат лесно да ја прескокнат. До сега бевме мирољубива листа, се надеваме дека така и ќе остане.
#Не е пожелно карање со другите, но тешко дека во светов постои листа на која никогаш немало некакви ситни караници. Воздржете се ако може, обидете се да ја одделите расправата во посебна нишка на пораки за оние што не ги интересира да можат лесно да ја прескокнат. До сега бевме мирољубива листа, се надеваме дека така и ќе остане.
#Доколку некој испрати порака која не е според правилата на бонтонот, немој да одговараш на пораката само за да го опоменеш дека неправилно ја напишал пораката. Забелешката за неправилно форматирана порака прати ја на приватната адреса на испраќачот или евентуално како пост-скрипт на твојата порака. Одговарај само на темата на пораката.
#Доколку некој испрати порака која не е според правилата на бонтонот, не одговарајте на пораката само за да го опоменете дека неправилно ја напишал пораката. Забелешката за неправилно форматирана порака испратете ја на приватната адреса на испраќачот или евентуално како пост-скрипт на Вашата порака. Одговарајте само на темата на пораката.

== Како да пишуваш порака на листата ==
== Како да пишувате порака на листата ==

=== Во кратки црти ===
=== Во кратки црти ===

# Припазувај ја основната тема на листата (Слободен Софтвер, Linux)
# Користете го вашето име и презиме за да пишувате на листата
# Припазувајте ја основната тема на листата (Слободен Софтвер, Linux)
# Насловот на пораката треба да одговара на нејзината содржина
# Насловот на пораката треба да одговара на нејзината содржина
# Цитирај го само најпотребното
# Цитирајте го само најпотребното
# Форматирај ги пораките така да бидат лесно читливи
# Форматирајте ги пораките така што да бидат лесно читливи
# Само обичен текст, без html !
# Само обичен текст, без html!
# Кога можеш, користи кирилица
# Кога може, користете кирилица

=== Тема===
=== Тема ===

Потруди се во пораките да се држиш до основната тема на LUG мејлинг листата, а тоа е Слободен Софтвер и се што има врска со него.
Потрудете се во пораките да се држите до основната тема на поштенската листа, а тоа е слободен софтвер и сѐ што има врска со него.

Далеку од тоа дека атмосферата на листата треба да биде како во музеј. Добра зафрканција или интересна приказна се секогаш добродојдени - се работи за тоа да излетувањата од темата ги сведиме на разумна мера за да можеме на оваа мејлинг листа да имаме што повеќе корисни информации за Слободниот Софтвер (не заборавај дека оваа мејлинг листа може да ја прочита секој). Не се сите членови заљубени во Слободниот Софтвер: некои се овде само од радозналост, поради некој благ афинитет кон целата работа и нејасни идеи од типот на "би можел и јас еден ден да инсталирам Linux, само кога инсталацијата би била полесна...". На таквите бргу би им здодеала листа со полно пораки кои немаат врска со Слободниот Софтвер (уствари, бргу би им здодеала и на останатите).
Далеку од тоа дека атмосферата на листата треба да биде како во музеј. Добра зафрканција или интересна приказна се секогаш добродојдени - се работи за тоа излетувањата од темата да ги сведеме на разумна мерка за да можеме на оваа поштенска листа да имаме што повеќе корисни информации за слободниот софтвер (не заборавајте дека оваа поштенска листа може да ја прочита секој). Не се сите членови заљубени во слободниот софтвер: некои се тука само од љубопитност, поради некој благ афинитет кон целата работа и нејасни идеи од типот на „би можел и јас еден ден да инсталирам Linux, само кога инсталацијата би била полесна.... На таквите бргу би им здодеала листа со полно пораки кои немаат врска со слободниот софтвер (всушност, бргу би им здодеала и на останатите).

Ако си решил да напишеш нешто што е надвор од темата, тогаш би било згодно тоа и да го нагласиш, со еден "(off topic)" кој би го додал на почетокот на насловот на пораката.
Ако сте решиле да напишете нешто што е надвор од темата, тогаш би било згодно тоа и да го нагласите, со еден (off topic)кој би го додал на почетокот на насловот на пораката.

=== Наслов ===
=== Наслов ===

Насловот треба колку што е можно повеќе да одговара со содржината на пораката. На секој од нас повремено ни се случува да пишува за баби, а во насловот на пораката да стави "жаби", но треба да се трудиме за некој наш состанок да не се договараме под наслов "Linux ЦД". Зошто е ова битно? Затоа што:
Насловот треба колку што е можно повеќе да одговара со содржината на пораката. На секој од нас повремено му се случува да пишува за баби, а во насловот на пораката да стави „жаби“, но треба да се трудиме за некој наш состанок да не се договараме под наслов „Linux ЦД“. Зошто е ова битно? Затоа што:

* Кога меѓу еден куп пораки во Inbox ќе видиш наслов "Договор за состанок во недела", тогаш знаеш дека треба да ја погледнеш прво таа порака, бидејќи е недела, 12 на пладне, а состанокот ни почнува во 17.
* Кога меѓу еден куп пораки во поштенското сандаче ќе видите наслов „Договор за состанок во недела“, тогаш знаете дека треба да ја погледнете прво таа порака, бидејќи е недела, 12 на пладне, а состанокот ни почнува во 17.
* Кога после две години во архивата ќе бараш нешто за OpenOffice.org, сигурно нема да ти падне на памет дека информацијата се крие во пораките кои се маскирани со наслов "Проблем".
* Кога после две години во архивата ќе барате нешто за OpenOffice.org, сигурно нема да Ви падне на памет дека информацијата се крие во пораките кои се маскирани со наслов „Проблем“.
* На листава веројатно има и членови кои се претежно заинтересирани за користење на Слободен Софтвер, но не и за сите дискусии поврзани со развој, локализација, прилагодување на Слободниот Софтвер. Од друга страна има членови кои се заинтересирани баш за ова второто. Доколку насловите се соодветни со пораките, секој од нас ќе може да ги прескокне пораките кои не го интересираат.
* На листава веројатно има и членови кои се претежно заинтересирани за користење на слободен софтвер, но не и за сите дискусии поврзани со развој, локализација, прилагодување на слободниот софтвер. Од друга страна има членови кои се заинтересирани баш за ова второто. Доколку насловите се соодветни со пораките, секој од нас ќе може да ги прескокне пораките кои не го интересираат.

=== Цитати ===
=== Цитати ===

Потруди се цитатите од пораката на која одговараш да се најдат на логични места во твојата порака:
Потрудете се цитатите од пораката на која одговарате да се најдат на логични места во Вашата порака:
<nowiki>
<pre>
     > Цитат на кој одговараш
     > Цитат на кој одговарате
    <br>    <br>
    Твојот одговор
    <br>    <br>
    > Друг цитат на кој одговараш
    <br>    <br>
    Твојот одговор
</nowiki>
Тешко е да се сетиш на барем една причина (освен мрзливост) поради која треба да се цитира целата порака на која се одговара. Цитирај ја само суштината, она на кое навистина одговараш, она што сакаш да го коментираш. Не допуштај да ти се испуштат "И јас исто!" или цитирање на 10 килобајти текст, за на крајот да напишеш "И јас мислам така" или недај боже едно минијатурно "Да". Особено е битно да се скратат долгите цитати, со оглед на тоа дека така пораките зафаќаат многу повеќе, а сите добро знаеме колку е "брз" и "евтин" интернетот (и телефонските импулси) во нашата земја.

Уште една лоша варијанта: комплетно цитирана порака на која одговараш е вметната под твојот одговор, затоа што твојот е-маил клиент "така работи". Ова не е само гаф и непрегледно (зошто да натераш некого да лизга до крајот на твојата порака за да види на што тоа ти си одговорил) туку е и бесмислено. Значи, одговорот се пишува под оригиналниот текст, а не над него!
    Вашиот одговор
 
    > Друг цитат на кој одговарате
 
    Вашиот одговор
</pre>
Тешко е да се сетите на барем една причина (освен мрзливост) поради која треба да се цитира целата порака на која се одговара. Цитирајте ја само суштината, она на кое навистина одговарате, она што сакате да го коментирате. Не допуштајте да Ви се испуштат „И јас исто!“ или цитирање на 10 килобајти текст, за на крајот да напишете „И јас мислам така“ или недај боже едно минијатурно „Да“. Особено е битно да се скратат долгите цитати, со оглед на тоа што така пораките зафаќаат многу повеќе, а сите добро знаеме колку е „брз“ и „ефтин“ интернетот (и телефонските импулси) во нашата земја.
 
Уште една лоша варијанта: комплетно цитирана порака на која одговарате е вметната ''под'' Вашиот одговор, затоа што Вашиот клиент за електронска пошта „така работи“. Ова не е само гаф и непрегледно (зошто да натерате некого да оди до крајот на Вашата порака за да види на што тоа сте одговориле) туку е и бесмислено. Значи, одговорот се пишува под оригиналниот текст, а не над него!

== Форматирање на порака ==
== Форматирање на порака ==

Не пропуштај да ја форматираш пораката дака да биде лесно читлива. Ако си одвоил време за да напишеш некој текст, немој целиот да го бутнеш во еден единствен пасус, инаку може да бидеш сигурен дека џабе си се трудел - повеќето оваквите пораки едвај ќе ги зирнат или ќе ги прескокнат. Сети се како те учела професорката по македонски во средно (точка, запирка, нов ред...).
Не пропуштајте да ја форматирате пораката така што да биде лесно читлива. Ако сте одвоиле време за да напишете некој текст, немојте целиот да го ставите во еден единствен пасус, инаку може да бидете сигурни дека трудот Ви е залуден - повеќето ваквите пораки едвај ќе ги ѕирнат или ќе ги прескокнат. Сетете се како Ве учела професорката по македонски во средно (точка, запирка, нов ред...).

Текст кој ја завзема целата ширина на екранот е напорен за читање. Направи го пократок.
Текст што ја зазема целата ширина на екранот е напорен за читање. Направете го пократок.

== Attachments ==
== Прилози ==

На листата не смеат да се праќаат датотеки прикачени на пораките.
На листата не смеат да се праќаат датотеки прикачени на пораките.

Ако сакаш со членовите на листата да поделиш некоја датотека, слика, документ, можеш да испратиш порака во која ќе објасниш за што се работи и ќе дадеш интернет адреса (линк) на која ќе може да се најде таа датотека. Направи си некоја едноставна веб-страна на која ќе можеш лесно да си ги upload-уваш датотеките.
Ако сакате со членовите на листата да споделите некоја датотека, слика, документ, може да испратите порака во која ќе објасните за што се работи и ќе дадете интернет-адреса (линк) на која ќе може да се најде таа датотека. Направете си некоја едноставна веб-страница на која ќе може лесно да си ги префрлате датотеките.

== Текст да, html никако! ==
== Текст да, html никако! (паа... deprecated?)==

Немој на листата да испраќаш пораки во html формат! На скоро сите мејлинг листи "куќниот ред" вели пораките да се испраќаат само како обичен (plain) текст. Пораките испратени во html формат зафаќаат повеќе килобајти, а и меѓу нас има такви кои користат конзолни e-mail клиенти што не отвараат html пораки. Праќањето на пораки во текст формат се подесува во твојот e-mail клиент (побарај ја опцијата "use plain text only" или слично).
Не испраќајте на листата пораки во html-формат! На скоро сите поштенски листи „куќниот ред“ вели пораките да се испраќаат само како обичен (plain) текст. Пораките испратени во html-формат зафаќаат повеќе килобајти, а и меѓу нас има такви кои користат конзолни клиенти за е-пошта што не отвораат html-пораки. Праќањето пораки во текстуален формат се конфигурира во Вашиот клиент за е-пошта (побарајте ја опцијата "use plain text only" или слично).

== Кога можеш, користи кирилица==
== Кога може, користете кирилица ==

Кога можеш (доколку не те спречува маил клиентот, webmail-от или оперативниот систем) користи кирилица. Се договоривме основни енкодизи со кои ќе се пишуваат кириличните пораки на листата да бидат ISO-8859-5, Windows-1251 или UTF-8. Жалосно е да пишуваме на латиница, кога имаме наше кирилично писмо, кое веќе е подржано во речиси сите оперативни системи и маил клиенти.  
Кога може (доколку не Ве спречува клиентот за е-пошта, webmail-от или оперативниот систем) користете кирилица. Се договоривме основни кодирања со кои ќе се пишуваат кириличните пораки на листата да бидат UTF-8, ISO-8859-5 или Windows-1251. Жално е да пишуваме на латиница, кога имаме наше кирилично писмо, кое е веќе поддржано во речиси сите оперативни системи и клиенти за е-пошта.  

[[Категорија:Слободен софтвер Македонија]]
[[Категорија:Слободен софтвер Македонија]]

Последна преработка од 18:22, 18 април 2012

2с.мк-пријатели е поштенската листа на НВО „Слободен софтвер Македонија“ за комуникација со сите заинтересирани.

За да ни биде пријатно на сите нас дружењето на листава, за да ни биде лесно читањето на пораките, за да има што повеќе корисен и интересен текст во пораките и што помалку глупости, за да бидете сигурни дека Вашиот текст ќе биде прочитан, а не набрзинка разгледан и прескокнат... не е лошо да се држите до некои основни правила кои и онака спаѓаат во класичниот интернет-бонтон. Еве ги тука. Ако сте нов член или членка ќе биде многу корисно да ги прочитате, а и ако сте веќе резидентни, нема да биде лошо да се потсетите на нешто.

Правила за однесување на листата

  1. Не е дозволено навредување на другите членови, користење на (претерано?!) вулгарни изрази... До сега немало вакви испади, се надеваме дека така и ќе остане.
  2. Не е пожелно карање со другите, но тешко дека во светов постои листа на која никогаш немало некакви ситни караници. Воздржете се ако може, обидете се да ја одделите расправата во посебна нишка на пораки за оние што не ги интересира да можат лесно да ја прескокнат. До сега бевме мирољубива листа, се надеваме дека така и ќе остане.
  3. Доколку некој испрати порака која не е според правилата на бонтонот, не одговарајте на пораката само за да го опоменете дека неправилно ја напишал пораката. Забелешката за неправилно форматирана порака испратете ја на приватната адреса на испраќачот или евентуално како пост-скрипт на Вашата порака. Одговарајте само на темата на пораката.

Како да пишувате порака на листата

Во кратки црти

  1. Користете го вашето име и презиме за да пишувате на листата
  2. Припазувајте ја основната тема на листата (Слободен Софтвер, Linux)
  3. Насловот на пораката треба да одговара на нејзината содржина
  4. Цитирајте го само најпотребното
  5. Форматирајте ги пораките така што да бидат лесно читливи
  6. Само обичен текст, без html!
  7. Кога може, користете кирилица

Тема

Потрудете се во пораките да се држите до основната тема на поштенската листа, а тоа е слободен софтвер и сѐ што има врска со него.

Далеку од тоа дека атмосферата на листата треба да биде како во музеј. Добра зафрканција или интересна приказна се секогаш добродојдени - се работи за тоа излетувањата од темата да ги сведеме на разумна мерка за да можеме на оваа поштенска листа да имаме што повеќе корисни информации за слободниот софтвер (не заборавајте дека оваа поштенска листа може да ја прочита секој). Не се сите членови заљубени во слободниот софтвер: некои се тука само од љубопитност, поради некој благ афинитет кон целата работа и нејасни идеи од типот на „би можел и јас еден ден да инсталирам Linux, само кога инсталацијата би била полесна...“. На таквите бргу би им здодеала листа со полно пораки кои немаат врска со слободниот софтвер (всушност, бргу би им здодеала и на останатите).

Ако сте решиле да напишете нешто што е надвор од темата, тогаш би било згодно тоа и да го нагласите, со еден „(off topic)“ кој би го додал на почетокот на насловот на пораката.

Наслов

Насловот треба колку што е можно повеќе да одговара со содржината на пораката. На секој од нас повремено му се случува да пишува за баби, а во насловот на пораката да стави „жаби“, но треба да се трудиме за некој наш состанок да не се договараме под наслов „Linux ЦД“. Зошто е ова битно? Затоа што:

  • Кога меѓу еден куп пораки во поштенското сандаче ќе видите наслов „Договор за состанок во недела“, тогаш знаете дека треба да ја погледнете прво таа порака, бидејќи е недела, 12 на пладне, а состанокот ни почнува во 17.
  • Кога после две години во архивата ќе барате нешто за OpenOffice.org, сигурно нема да Ви падне на памет дека информацијата се крие во пораките кои се маскирани со наслов „Проблем“.
  • На листава веројатно има и членови кои се претежно заинтересирани за користење на слободен софтвер, но не и за сите дискусии поврзани со развој, локализација, прилагодување на слободниот софтвер. Од друга страна има членови кои се заинтересирани баш за ова второто. Доколку насловите се соодветни со пораките, секој од нас ќе може да ги прескокне пораките кои не го интересираат.

Цитати

Потрудете се цитатите од пораката на која одговарате да се најдат на логични места во Вашата порака:

    > Цитат на кој одговарате

    Вашиот одговор

    > Друг цитат на кој одговарате

    Вашиот одговор

Тешко е да се сетите на барем една причина (освен мрзливост) поради која треба да се цитира целата порака на која се одговара. Цитирајте ја само суштината, она на кое навистина одговарате, она што сакате да го коментирате. Не допуштајте да Ви се испуштат „И јас исто!“ или цитирање на 10 килобајти текст, за на крајот да напишете „И јас мислам така“ или недај боже едно минијатурно „Да“. Особено е битно да се скратат долгите цитати, со оглед на тоа што така пораките зафаќаат многу повеќе, а сите добро знаеме колку е „брз“ и „ефтин“ интернетот (и телефонските импулси) во нашата земја.

Уште една лоша варијанта: комплетно цитирана порака на која одговарате е вметната под Вашиот одговор, затоа што Вашиот клиент за електронска пошта „така работи“. Ова не е само гаф и непрегледно (зошто да натерате некого да оди до крајот на Вашата порака за да види на што тоа сте одговориле) туку е и бесмислено. Значи, одговорот се пишува под оригиналниот текст, а не над него!

Форматирање на порака

Не пропуштајте да ја форматирате пораката така што да биде лесно читлива. Ако сте одвоиле време за да напишете некој текст, немојте целиот да го ставите во еден единствен пасус, инаку може да бидете сигурни дека трудот Ви е залуден - повеќето ваквите пораки едвај ќе ги ѕирнат или ќе ги прескокнат. Сетете се како Ве учела професорката по македонски во средно (точка, запирка, нов ред...).

Текст што ја зазема целата ширина на екранот е напорен за читање. Направете го пократок.

Прилози

На листата не смеат да се праќаат датотеки прикачени на пораките.

Ако сакате со членовите на листата да споделите некоја датотека, слика, документ, може да испратите порака во која ќе објасните за што се работи и ќе дадете интернет-адреса (линк) на која ќе може да се најде таа датотека. Направете си некоја едноставна веб-страница на која ќе може лесно да си ги префрлате датотеките.

Текст да, html никако! (паа... deprecated?)

Не испраќајте на листата пораки во html-формат! На скоро сите поштенски листи „куќниот ред“ вели пораките да се испраќаат само како обичен (plain) текст. Пораките испратени во html-формат зафаќаат повеќе килобајти, а и меѓу нас има такви кои користат конзолни клиенти за е-пошта што не отвораат html-пораки. Праќањето пораки во текстуален формат се конфигурира во Вашиот клиент за е-пошта (побарајте ја опцијата "use plain text only" или слично).

Кога може, користете кирилица