Слободен софтвер Македонија

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

ОССМ - Организација Слободен софтвер Македонија - е невладина организација во Република Македонија која се занимава со слободен софтвер. Организацијата официјално е регистрирана на 29 Ноември 2002 година. Таа делува на територијата на Република Македонија. Нејзините права и обврски се регулирани со нејзиниот статут.

Логото на Слободен софтвер Македонија

Зошто постои Слободен софтвер Македонија?

ОССМ постои за распространување и промовирање на слободниот софтвер и третирање на развивањето на софтвер како научно истражување, слободно и јавно достапно во својот изворен облик!

Со што се занимава Слободен софтвер Македонија?

Слободен софтвер Македонија се занимава со унапредување, промовирање и распространување на слободен софтвер, и негова локализација. Тука пред сe го наведуваме GNU/Linux оперативниот систем и апликативениот софтвер како OpenOffice.org и Моzilla пакетите. Со својата работа, ОССМ активно учествува во развојот на Free Software/Open Source заедницата. Ние сме дел од таа заедница и директно ја претставуваме Република Македонија.

Кои се членовите на организацијата?

Поголемиот број од членовите на ОССМ се студенти на македонски универзитети, значи иден висококвалификуван кадар. Членови се луѓе кои работат во успешни македонски претпријатија, средношколци.... Членовите се претежно млади луѓе. ОССМ се раководи и опстојува единствено поради нивниот ентузијазам и голема волја.

На кој начин се финансира ОССМ?

Слободен софтвер Македонија е организација која опстојува и работи пред се на несебичното залагање на нејзините членови кои го вложуваат своето време и енергија бесплатно во нејзината работа.

Но, за материјалните трошоци кои ги прави Организацијата за тековно работење и за разните проекти Организацијата се финансира од

  • членарина
  • донации од нејзините пријатели т.е. пријателите на слободниот софтвер.

Проекти и активности

Локализација на GNOME (GNOMK)

Локализација на KDE (MKDE)

Локализација на Mozilla Firefox, Thunderbird и Mozilla Suite

Локализација на OpenOffice.org

[Ден на слободниот софтвер]

Неофицијални вики страници на Слободен софтвер Македонија

Локализациски тимови

Идеи и предлози за 2007

Предлог програма за СподелиКино

Вечна TO-DO листа

Насоки на Слободен софтвер Македонија за соработка со други правни лица

Бројот на страници расте и тешко е да ги следиме на овој начин. За повеќе информации видете http://wiki.lugola.net/Категорија:Слободен_софтвер_Македонија

Настани

Инсталационен фестивал 2004

Инсталационен фестивал 2005

Преведувачки маратон за OpenOffice.org 1.0

Преведувачки маратон за GNOME и KDE - Датотека, Отвори, Зачувај

Доста зборење покажете го кодот! - Free Software Flood

Преведувачки маратон за OpenOffice.org 2.0

Инсталфест 2006

Кампањи

Сакам да знам!

Бела книга

Октомвриски документи

Сподели знаење

Врски

Официјална страна