Правила за локализација: Разлика помеѓу преработките
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето |
с (4 ревизии: initial) |
||
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од 2 корисници) | |||
Ред 2: | Ред 2: | ||
#Читајте ги, разгледувајте ги и користете ги постоечките преводи за да се запознаете со стилот на преводите и за да можете да пријавите грешки ако ги има. | #Читајте ги, разгледувајте ги и користете ги постоечките преводи за да се запознаете со стилот на преводите и за да можете да пријавите грешки ако ги има. | ||
#Имињата на програмите остануваат во оригинал. Пример: [[ | #Имињата на програмите остануваат во оригинал. Пример: [[Abiword]] документ, [[OpenOffice.org]]. | ||
#Кратенките остануваат во оригинал. Примери: HTTP, RAM, ROM, CPU, HTTPS, FTP... | #Кратенките остануваат во оригинал. Примери: HTTP, RAM, ROM, CPU, HTTPS, FTP... | ||
#Секогаш почитувајте го речникот и правописот! | #Секогаш почитувајте го речникот и правописот! | ||
Ред 22: | Ред 22: | ||
[[Категорија:Локализација]] | [[Категорија:Локализација]] | ||
[[Категорија:L10n]] |
Последна преработка од 17:36, 29 јануари 2011
Со неколку правила за локализација кога преведувате софтвер или некоја содржина за слободен софтвер, Ви даваме практичен совет за попродуктивно локализирање:
- Читајте ги, разгледувајте ги и користете ги постоечките преводи за да се запознаете со стилот на преводите и за да можете да пријавите грешки ако ги има.
- Имињата на програмите остануваат во оригинал. Пример: Abiword документ, OpenOffice.org.
- Кратенките остануваат во оригинал. Примери: HTTP, RAM, ROM, CPU, HTTPS, FTP...
- Секогаш почитувајте го речникот и правописот!
- Секогаш користете ги нашите наводници „“, а не “, ', “ и слично.
- После секој интерпункциски знак, секогаш има едно празно место!
- Стринговите кои се со повеќе зборови се преведуваат само со прва голема буква. Пример: „Close All Documents“ ќе биде „Затвори ги сите документи“.
- Секогаш користете ги македонските „ѝ“ и „ѐ“, каде што е тоа потребно.
- Не голтајте букви!
- Компјутерот ви персира, вие му наредувате (императив)! Примери: Сигурно сакате да го снимите документот во овој формат? Да, сними го документот.
- Трудете се синтаксата на преведените реченици секогаш да биде иста како на оригиналните реченици, посебно ако оригиналните реченици се во пасив.
- Првата линија на секое мени е во облик на глаголска именка: Уредување, Форматирање. Наредбите кои од менијата му се даваат на компјутерот се во императив (заповеден начин).
- Насловите на прозорците исто така се во облик на глаголска именка, се разбира онаму каде е тоа потребно. Пример: насловот на прозорецот за пребарување ќе биде „Пребарување“ а не „Пребарувај“.
- Трудете се буквите кои се однесуваат на кратенките (access keys - ALT + bukva) да бидат исти како во оригиналот. Ако тоа не е можно, тогаш задолжително избегнувајте наши букви, како Ш, Ќ, Ѓ.
- Секогаш ажурирајте ја базата со преводи (Translation Database), со датотеки кои се целосно преведени.
- Пред секое преведување пуштете го KBabel да направи грубо преведување (Rough Translation)!
- Користете го тоа што го преведувате.
- Не преведувајте нa тепка (од ракав). Ако не знаете на што се однесува некој стринг, пуштете ја програмата што ја преведувате и видете за што се работи. Ако повторно не знаете, оставете го непреведен.
- Не брзајте при преведувањето!