|
|
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од еден друг корисник) |
Ред 1: |
Ред 1: |
| == Верзија 1 ==
| | Помогнете му на првиот скопски хаклаб! |
| Отворен повик за донации
| |
| | |
| Хаклабот КИКА претставува првата технолошка автономна зона која се користи за
| |
| промовирање на слободниот софтвер како и слободната култура во Р. Македонија.
| |
| | |
| Хаклабот КИКА досега може да се закити со остварени успешни проекти на полето
| |
| на слободниот софтвер - слободната култура. Во КИКА редовно се организираат
| |
| настани од типот на Сподели Знаење - секоја сабота, Убунту прва помош - секој
| |
| понеделник и Програмски јазици - секој четврток.
| |
| | |
| Овие настани се од отворен карактер, и секој со желба да научи нешто ново, да
| |
| сподели нешто ново или пак да дискутира за некоја од тематиките кои што се
| |
| разработуваат во текот на овие настани, слободно може да дојде во КИКА.
| |
| | |
| За успешно функционирање на хаклабот, потребни се финансиски средства со кои се
| |
| плаќа за кирија, средства за хигиена, средства за одржување на просторот (сепак
| |
| ништо не е трајно), како и средства за успешно изработување на проектите.
| |
| | |
| Хаклабот КИКА се одржува во живот од донации на средства од луѓето кои што
| |
| сакаат КИКА да продолжи да живее.
| |
|
| |
|
| Потребни ни се донации! Со вашата помош ќе може да направиме многу кул работи,
| | Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, кондоми, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија. Ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и тоа ќе го земеме. Ако немате ништо зимаме и пари :) |
| да направиме многу интересни проекти, да направиме сајлонец за доминација на
| |
| светот како и многу останати работи.
| |
| | |
| Како може да помогнете, на два начини :
| |
| | |
| * Финансиска помош, да ни донирате финансиски средства за остварување на
| |
| горенаведеното, и
| |
| * Хардверска помош, доколку имате опрема, стара/нова електроника и електронски
| |
| уреди, компјутери, компјутерски делови и периферија итн, би можеле да ни ја
| |
| донирате и истата ние би ја искористиле за играње со неа како и за правење на
| |
| некои интересни проекти со истата.
| |
| | |
| Што добивате за возврат? Добро чуство и се разбира, тука сме да ви помогнеме
| |
| (колку што можеме) доколку имате некој проблем од полето на слободниот софтвер.
| |
| | |
| | |
| Доколку сакате да ни помогнете, обратете се кон info ет slobodensoftver.org.mk
| |
| | |
| | |
| == Верзија 2 ==
| |
| Ви го пишуваме ова писмо со барање за донација на употребувана компјутерска опрема (персонални компјутери, сервери, мрежна опрема и компјутерска галантерија). Опремата ќе биде употребена за одржување на активностите во нашиот јавен простор, наречен КИКА (Центар за информациско комуникациски истражувања и едукација). Центарот е самофинансиран од членовите на граѓанското здружение „Слободен софтвер Македонија“ и сите активности се на волонтерска и некомерцијална основа.
| |
| | |
| Нашата организација има за цел промовирање на слободниот софтвер и културата на споделување. Во рамките на овие заложби, веќе четири години, нашата организација ги спроведува проектите „Сподели знаење“, Ubuntu прва помош, Програмирање за почетници и „Сподели кино“, во кои се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува.
| |
| | |
| Постоењето на центарот директно ја подига технолошката писменост и пристап до новите Интернет технологии преку размена на знаење и непосреден контакт со определени целни групи: студенти на технички науки, технолошките ентузијасти, уметници и членови на креативните индустрии и воопшто оние кои ги интересира технологијата, културата и општеството. Подигањето на знаењето за новите интернет технологии преку практична работа и решавање на непосредни конкретни проблеми со кои се судираат дел од учесниците на настаните. Ова во голема мерка го дополнува формалното образование кај студентите, а делува и како општо надополнување на капацитетите кај сите учесници со што општеството има корист стекнувајќи се со кадри кои се технолошки писмени на повисоко ниво.
| |
| Сето ова резултира во креирање на заедница која е технолошки свесна во поширока смисла, познавајќи ги новите технологии во определена мерка на техничко ниво, но имајќи увид во тоа како тие влијаат и ја менуваат средината во која луѓето живеат.
| |
| Тоа, во таа смисла овозможува таа заедница да биде иновативна и воедно способна да ги имплементира новите технологии за потребите на деловниот, јавниот или цивилниот сектор.
| |
| | |
| Се надевам дека ќе најдете разбирање и интерес да ја помогнете оваа иницијатива која значајно ќе го зајакне и подобри функционирањето на Центарот. За повеќе детали околу самата иницијатива, активностите на организацијата и информации околу донацијата, Ви стоиме на располагање.
| |
| | |
| == Верзија 3 ==
| |
| | |
| Помогнете му на првиот скопски хаклаб!
| |
|
| |
|
| Скопскиот хаклаб КИКА има потреба од донации ....
| | Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата. Некои од проектите на кои што работиме се и „Сподели знаење“, „Ubuntu прва помош“, програмирање за почетници (Python, Ruby и C), „Сподели кино“ и електроника. Целта на сите овие проекти е да се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува. |
Помогнете му на првиот скопски хаклаб!
Во првиот скопски хаклаб КИКА нон-стоп трошиме LED диоди, отпорници, микроконтролери, струја, компјутери, наполитанки, кондоми, матични плочи, хард дискови и РАМ меморија. Ако имате осцилоскоп, столчиња, маси, полици, фотељи, алат, електронски компоненти и тоа ќе го земеме. Ако немате ништо зимаме и пари :)
Хаклабот КИКА постои повеќе од една година и е првата отворена автономна технолошка зона во државата. Некои од проектите на кои што работиме се и „Сподели знаење“, „Ubuntu прва помош“, програмирање за почетници (Python, Ruby и C), „Сподели кино“ и електроника. Целта на сите овие проекти е да се промовира размената на знаењето од областите на најсовремените компјутерски технологии, како и културата на споделувањето. Овие настани се отворени за јавноста и секој може бесплатно да ги посетува.